Изберете еден од повеќето можни датуми за тестирање и добијте ги резултатите уште побрзо
Сите сакаат да имаат повеќе избор. Направивме полагањето на IELTS тестот да биде полесно и поедноставно за вас. Сега можете да полагате на компјутер.
Со тестирањето што се врши на компјутер, можете да го полагате вашиот IELTS тест, Академска или Општа верзија, со едноставно пишување на вашите одговори со помош на тастатура.
Што добивате кога полагате IELTS на компјутер:
•поголем избор на датуми за тестирање
•поголема флексибилност
•вашите резултати ќе бидат достапни навистина брзо, во рок од 3-5 дена.
Како се полага IELTS на компјутер?
Ако изберете IELTS на компјутер, деловите за слушање, читање и пишување ќе ги полагате на компјутер. Тестот за зборување ќе продолжи да се спроведува во живо, со обучен испитувач за IELTS, затоа што сметаме дека тоа е најефективниот начин за оценување на вашите вештини за зборување.
Сите други аспекти на тестот се сосема идентични, без оглед дали тестот се полага во хартиена форма или на компјутер, вклучувајќи:
•Содржина
•Време
•Видови прашања
•Оценување
•Спроведување на тестот за зборување
•Извештај за резултатите од тестирањето
•Потврда на резултатите
Дознајте повеќе во врска со IELTS на компјутер преку нашите видеа.