Можете да полагате ИЕЛТС на хартија или на компјутер во нашиот официјален центар во Северна Македонија.
Во двете верзии би го полагале истиот тест, со истата содржина и структура. Единствената разлика е во тоа што можете да одберете дали ќе ги пишувате вашите одговори на компјутер или на хартија – која верзија повеќе ви одговара.
ИЕЛТС на компјутер
Деловите слушање, читање и пишување ги одговарате на компјутер во нашиот официјален тест центар. Усниот дел е во живо со сертифициран ИЕЛТС испитувач и ова е најефикасниот начин да се оценат говорните вештини.
Компјутерската верзија на ИЕЛТС имете поголем избор на датуми за полагање и резултатите се достапни за 3-5 дена.
Компјутерската верзија на ИЕЛТС е достапна во нашиот официјален тест центар во Скопје.
Пријавете се за академска или општа верзија од ИЕЛТС на компјутер.
ИЕЛТС на хартија
Ако ја одберете оваа верзија, деловите слушање, читање и пишување ги одговарате на хартија. Усниот дел е во живо со сертифициран ИЕЛТС испитувач. Резултатите се достапни за 13 дена по полагањето.
Доколку имате посебни барања, треба да ја одберете писмената верзија од тестот.
Пријавете се за академската или општа верзија на ИЕЛТС на хартија.