Поддржани од Меѓународна студентска идентификациска картица (ISIC), Британски совет ИЕЛТС и платформата StudyPortals.

ШТО СЕ ГЛОБАЛНИТЕ НАГРАДИ ЗА СТУДИРАЊЕ?

Сакаме да ги охрабриме младите луѓе да студираат во странство како дел од терцијарните студии, со цел да доживеат и истражат нови земји, култури и јазици. Токму затоа Меѓународната студентска идентификациска картица, StudyPortals и Британски совет ИЕЛТС започнуваат со доделување на Глобалните награди за студирање.

Глобалните награди за студирање го препознаваат студирањето во странство како позитивно искуство кое го менува животот на многу студенти, насочувајќи ги кон алтернативни начини на личен живот и професионална кариера, истовремено промовирајќи меѓукултурно разбирање и толеранција. 
Наградата е наменета за плаќање на школарината и ќе биде исплатена директно на високообразовната институција, која ќе ја посетува успешниот кандидат. 

Ако школарината е пониска од максималната индивидуална награда од £10.000, останатиот износ може да биде распределен за животни трошоци за максимални 52 недели, почнувајќи од денот на запишување на студентот на високообразовната институција.

Рок за пријавување

ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ОТВОРЕНО

 

Сега може да се пријавите за есенската квота за која краен рок е 20 јули 2018 година. Овие награди се за студии кои ќе започнат помеѓу 1 август и 31 октомври 2018 година.

Изборната комисија составена од претставници на партнерите ќе ги оцени добиените пријави. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат поканети на интервју во живо пред финалната одлука. Добитниците ќе бидат објавени во рок од 3 месеци по крајниот рок за пријавување.

За кого се наменети наградите?

ГЛОБАЛНИТЕ НАГРАДИ ЗА СТУДИРАЊЕ СЕ НАМЕНЕТИ ЗА ВИСОКОМОТИВИРАНИ И ТАЛЕНТИРАНИ ЛИЦА, КОИ ПОСЕДУВААТ:

  • потенцијал за добринос во општеството преку студиите;
  • длабока посветеност на развој на кариерата;
  • интерес за промовирање меѓукултурно разбирање и толеранција.

Од добитниците на наградите се очекува да соработуваат со  Британски совет ИЕЛТС, Меѓународната студентска идентификациска картица и StudyPortals, и јавно да ги споделуваат нивните искуства со другите студенти. За наградите може да се пријават сите идни студенти ширум целиот свет. Глобалните награди за студирање ќе им овозможат на добитниците да студираат во странство, на било кои додипломски и постдипломски студиски програми во високообразовна институција. Глобалните награди за студирање не може да се користат за студирање во својата земја.

 

Кој може да се пријави?

ЗА ДА СЕ ПРИЈАВИ ЗА ГЛОБАЛНИТЕ НАГРАДИ ЗА СТУДИРАЊЕ КАНДИДАТОТ МОРА ДА:

  • Има наполнето 18 години на датумот на почнување на студиската програма
  • Има положено ИЕЛТС во некој од центрите на Британски совет и добиено Извештај со резултати од тестот (Test Report Form) издаден од Британски совет после 1 јуни 2016 година
  • Има валидна Меѓународната студентска идентификациска картица (ISIC) и/или Меѓународна младинска картица за патување (IYTC) во времето на пријавување
  • Запишете се на додипломски или постдипломски студии во странство во есенскиот циклус 2018 година
  • Прикаже потврда дека е примен од релевантната институција до крајниот рок
  • Напише краток опис на студиското искуство на STeXX.com

Ако имате дополнителни прашања, ве молиме посетете го делот Прашања и одговори на нашата страница. Погледај го целиот конкурс