ИЕЛТС којшто се полага на компјутер е нов начин на полагање на ИЕЛТС тестот.Тој ви овозможува да ги полагате деловите Читање, Слушање и Пишување на компјутер, додека делот Зборување останува да се полага во директен контакт со обучен ИЕЛТС тестирач.

Нашиот бесплатен тест за запознавање ќе ви овозможи да го искусите целосниот ИЕЛТС тест којшто се полага на компјутер пред да го полагате вистинскиот. Со решавање на тестот за запознавање ќе знаете што да очекувате на денот на полагање на тестот, што ќе ви помогне да се чувствувате опуштени и спремни да ги освоите поените што ви требаат.

Тестот за запознавање трае 2 часа и 30 минути и ги опфаќа деловите Слушање, Читање и Пишување.Знаеме дека има многу причини за полагање на ИЕЛТС, и токму затоа може да изберете Академски тест или тест за Општа обука.

Посетете ја нашата Take ИЕЛТС веб страница за да дознаете повеќе информации за тестот за запознавање и да се регистрирате.

Дознајте повеќе за ИЕЛТС којшто се полага на компјутер и видете кои се следните датуми за тестирање.

Споделете на социјални мрежи