Што е ИЕЛТС на компјутер?
Ние ви го олеснивме начинот на полагање на тестот ИЕЛТС. Сега тестот можете да го пополните на компјутер. Со ИЕЛТС на компјутер, деловите за слушање, читање и пишување ги обработувате на компјутер. Делот за зборување сè уште го прави обучен испитувач за ИЕЛТС, бидејќи веруваме дека тоа е најефикасниот начин за проценка на вашите вештини за говорење.
Видеа за запознавање со форматот на тестот ИЕЛТС на компјутер
Создадовме серија на видеа за тестот ИЕЛТС на компјутер, што ќе ви помогнат да разберете како на компјутерот се појавуваат деловите за слушање, читање и пишување и ви ги покажуваат различните достапни функционалности. Погледнете ја целата серија, за да бидете сигурни и подготвени на денот на вашиот испит.
Како да се подготвите за тестот ИЕЛТС на компјутер?
За да ви помогнеме да се подготвите за ИЕЛТС на компјутер, нудиме список на онлајн материјали за вежбање кои може да ги користите бесплатно. Материјалите ќе ви помогнат да се подготвите за различни делови за испитот и на крајот ќе можете да го тестирате вашето знаење со пробен онлајн тест.
Тестови за вежбање на слушање, читање и пишување
За почеток, упатете се кон нашата веб страница Полагајте ИЕЛТС и испробајте ги нашите тестови за вежбање кои се фокусираат на деловите за слушање,читање и пишување. Ќе најдете пробни тестови и за општата и за академската верзија на ИЕЛТС.
Пробајте го симулаторот за тестот ИЕЛТС
Откако ќе ги поминете нашите пробни тестови, можете да продолжите да вежбате со симулаторот за ИЕЛТС на компјутер, развиен од нашите партнери во „Clarity“.
Едноставно следете ја страницата за академски ИЕЛТС или општа верзија на ИЕЛТС, изберете го делот кој сакате да го вежбате, кликнете на копчето „Вежбај“ и изберете ја првата група на вежби.
Ако имате потешкотии во пристапот до материјалите, погледнете го визуелниот водич подолу.