ИЕЛТС – проверка на моменталното знаење е единствен и официјален онлајн тест оценуван од обучени и квалификувани испитувачи на ИЕЛТС. 

После тестот, ќе добиете индикативен краен резултат за целиот тест, како и резултат за секој дел од тестот.

ШТО ВИ НУДИ ИЕЛТС – ПРОВЕРКА НА МОМЕНТАЛНОТО ЗНАЕЊЕ

  1. Вежбајте ги сите четири јазични вештини - читање, пишување, слушање и зборување.
  2. Сите тестови се оценувани од обучени и квалификувани испитувачи на ИЕЛТС
  3. Вежбајте и за академската и за општата верзија на ИЕЛТС
  4. Ќе ја добиете крајната оценка за целиот тест, како и  оценка за секој дел од тестот - за пет дена. Ќе добиете линк за вашиот извештај (крајниот резултат) по електронска пошта  или кликнете на "Моја сметка" на веб страницата на ИЕЛТС – проверка на моменталното знаење.
  5. Дознајте за вашиот напредок и каде треба да се подобрите.

Дознајте повеќе за тестот и за цената следејќи го линкот на крајот од страницата

Имајте во предвид дека ИЕЛТС – проверка на моменталното знаење не е вистинскиот ИЕЛТС тест и извештајот што ќе го добиете со ИЕЛТС – проверка на моменталното знаење не претставува официјален извештај за тестот. 

Оваа услуга е дизајнирана да ви даде индикација за вашиот резултат за да ви помогне да се подготовите за вистинскиот ИЕЛТС тест.

Споделете на социјални мрежи