1. ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА КАНДИДАТИТЕ 

Преземете ги од интернет и прочитајте ги Информациите за кандидате  (PDF, 933 kb). Информациите се потребни за форматот на тестот, за типот на прашања како и резултатите од тестот. Имајте предвид дека ИЕЛТС не се препорачива за кандидати под 16 години.

2. ОДБЕРЕТЕ КОЈА ВЕРЗИЈА ОД ТЕСТОТ НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Постојат две верзии на тестот ИЕЛТС:

ИЕЛТС академски испит

ИЕЛТС општ испит

Прочитајте го нашиот едноставен водич за да ви помогне да одберете која верзија од тестот најмногу ви одговара.

3. ПРОВЕРЕТЕ ГИ ДАТУМИТЕ ЗА ТЕСТОТ ИЕЛТС

Датуми, надоместоци и локации за тестирање

Бројот на места за сите сесии за полагање на тестот ИЕЛТС е ограничен. За да си осигурате место, ви препорачуваме да се пријавите два месеца пред датумоткога сакате да полагате. Можете да го користите нашиот онлајн систем за пријаваување за да побарате најнови информации за датумите на испитот и за слободните места.

Треба да знаете: полагањето на тестот по слушање, читање и пишување се полага во ист ден. Тестот по зборување може да ви го овозможиме истиот ден, или една седмица  пред или по главниот ден на тестирање. Ќе добиете известување однапред дали тестот по зборување ќе биде во различен ден од денот на главниот тест.

4. ПРИЈАВЕТЕ СЕ ОНЛАЈН 

Искористете го нашиот Онлајн систем за пријавување за да резервирате место за тестот.

Ве молиме проверете дали можете да ги обезбедите документите наведени во точка 5 и дали можете да платите на еден од начините наведени во точка 6.

5. ПОДГОТВЕТЕ ГИ И ДОСТАВЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДОКУМЕНТИ 

Кога се пријавувате онлајн за тестот, ве молиме да ги скенирате и да ги приложите СИТЕ наведени документи: 

  • Фотокопија од документ за идентификација (пасош или лична карта)
  • Доколку не сте македонски државјанин, морате да приложите копија од вашиот пасош.

6. ОДБЕРЕТЕ МЕТОД НА ПЛАЌАЊЕ

Полагањето на тестот чини 9.500 ден. Можете да платите наеден од следниве начини: 

  • Преку интернет заедно со процесот на пријавување. 
  • Со платежна картичка во нашата канцеларија. Се прифаќаатVisa, Master и Maestro картички. Можете да платите со платежна картичка во текот на работното време на Британски совет: понеделник и среда од 15:00 до 17:30 и во петок од 10:00 до 13:00. 

Преку банкарски трансфер. Ова се деталите:

  • Име на банка: Комерцијална банкa
  • Број на сметка: 300000001838574
  • Цел на дознака: ИЕЛТС / презиме / датумнатестот

7. ПОПОЛНЕТЕ ЈА ПРИЈАВАТА

Доколку при онлајн процесот на пријавувањене сте прикачиле копија од ваш документ за лична идентификација, ве молиме испратете ни копија од пасош, или лична карта по електронска порака.

Вашиот документ и наплатата треба да ја добиеме во рок од 5 работни денови по вашето онлајн пријавување. За жал, доколку не ни стигнат во рок од 5 работни денови вашата пријава ќе се откаже.

Не можеме да примиме некомплетирани пријави, па затоа настојувајте да ни ги доставите сите потребни информации.

Примероци од вашите резултати 

Доколку сакате вашите резултати да се испратат до универзитети, или до други образовни институции, ве молиме во соодветното поле во формуларот за онлајн пријавувањевнесете ги релевантните адреси. Можеме да изготвиме најмногу пет копии за еден студент.

8. ПО ПРИЈАВУВАЊЕТО

Откако ќе завршиле со пријавата, ќе добиете автоматска електронска порака со код за пристап до бесплатниот онлајн подготвителен курс: Пат до ИЕЛТС. 

Ќе ви испратиме потврдна електронска порака од 5 до 7 дена пред датумот на тестот за да ве известиме за времето и за адресата на местото за тестирање.

За повеќе информации ве молиме исконтактирајте ги нашите испитни служби на exams@britishcouncil.org.mk .

ПОСЕБНИ ПОДГОТОВКИ

ИЕЛТС е осмислен на таков начин за правилно и објективно да ги оцени вашите способности по англиски јазик, без оглед дали за тоа имате посебни потреби.

Можеме да ви помогнеме со различни посебни подготовки што ви се потребни за тестот. На пример: пружаме помош на луѓе со нарушен вид или слух или со дислексија.

При вакви случаи, ве молиме да нѐ исконтактирате три месеца пред датумот на тестот за да дознаете како да се пријавите.

ПОВРАТНИ СРЕДСТВА

Ве молиме прочитајте за нашата практика за рефундирање, доколку сакате да побарате поврат на средства.

Може да побарате да ви се вратат средствата доколку:

  • го откажете пријавувањето најмалку 5 недели пред датумот на тестот, тогаш ќе ви се врати уплатниот надоместок за тестот без административната такса од 1. 900 денари.
  • го откажете пријавувањето во рок од пет недели, или помалку од датумот на полагањесредстватанема да ви се вратат ако не приложите соодветен доказ за причините за вашето откажување. Доколку станува збор за ваков случај, ве молиме пополнете и испратете образец за барање за повраток на средства и доказ за оправдување. Вашето барање и доказот за оправдување треба да ги добиеме во рок од пет дена по датумот на тестот.

ПОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ТЕСТИРАЊЕ

Доколку сакате да го промените датумот на тестирање и имате добра причина за тоа, треба да не известите пет седмици пред сесијата на тестот за која сте аплицирале. Треба да се платат 700 денари. За да го направите ова, ве молиме пополнете и доставете образец  за поместување на тест.