Кога ќе ги добијам резултатите?

Нема да мора долго да чекате за резултатите од тестот ИЕЛТС.

Можете да се најавите на Порталот за лицата кои се тестираат за да ги прегледате резултатите. Резултатите од ИЕЛТС остануваат онлајн во текот на 28 дена, но не треба да се користат како официјална потврда за вашиот резултат. 

Ако сте го полагале тестот во хартиена форма, ќе можете да ги прегледате резултатите по 13 календарски дена од датумот на тестирањето.

Кога ќе го добијам мојот резултат во хартиена форма?

Ние ќе го испратиме вашиот резултат од тестот ИЕЛТС во хартиена форма, во форма на Извештај за резултатот од тестот (ИРТ), по препорачана пошта  13 дена по датумот на тестирањето. Ве молиме, дозволете најмалку седум работни дена за испорака. Доколку ви е итно, може резултатот да се подигне и од просториите на Британскиот совет, за што треба да не информирате по е-пошта неколку дена пред објавување на резултатите.

Резултатите од ИЕЛТС нема да бидат соопштени преку телефон или преку е-пошта.

Ние ќе го испратиме вашиот Извештај со резултати од тестот (ИРТ) директно до институциите во кои се пријавувате

Можеме да испратиме до пет дополнителни примероци од вашиот извештај директно до институциите во кои се пријавувате (на пример, универзитети, канцеларии за емиграција итн.). Ако сакате да го сториме тоа, ве молиме да ги вклучите релевантните адреси кога ќе се пријавувате за тестот.

Ве молиме, не заборавајте да ја дадете целосната поштенска адреса на институцијата. Без целосна адреса не можеме да провериме дали институцијата има пристап до услугата за верификација на извештајот од резултати од ИЕЛТС тестот, која им овозможува да ги видат вашите резултати откако ќе им ги доставивме по електронски пат. Во случај да немаат пристап до оваа услуга, ние ќе го испратиме вашиот ИРТ по пошта.

Може ли да добијам дополнителни извештаи од моите резултати од ИЕЛТС?

Ако сакате да испратиме уште една копија од вашиот ИРТ на организација која го признава, покрај петте примероци што ги доставуваме, ќе треба да платите административна такса од 300 денари по извештај за да ја испратиме преку препорачана пошта.

Ако вашиот центар за тестирање е затворен, можете да нарачате дополнителни извештаи со резултати од тестот од ielts.org.

Ќе треба да ја дадете адресата на институцијата и да ја пополните „Пријава за дополнителен извештај од резултати од тестот“. Приложете фотокопии од вашиот резултат од ИЕЛТС и пасошот со образецот за апликација и пратете ги преку е-пошта. Потоа ќе го испратиме ИРТ директно до институцијата.

Ве молиме, имајте предвид дека за дополнителен извештај со резултати од тестот се потребни околу 10 дена за истиот да се обработи.

Побарајте дополнителни копии

Што значи мојот ИЕЛТС резултат?

Ќе ви биде доделен резултат од ИЕЛТС со оценка од 0-9 за секој дел од тестот, со која се одразува вашето владеење на англискиот јазик.

Вашиот ИРТ покажува резултат за секоја од четирите вештини (слушање, читање, пишување и зборување), како и вкупен резултат од оценките. Може да имате резултат со цели оценки (на пример, 5,0, 6,0, 7,0) или резултат со оценки што содржат и половина од цело, (на пример, 5,5, 6,5, 7,5) на секој дел од тестот.

Дознајте повеќе за тоа што значи вашиот резултат овде

Колку долго важат моите резултати од ИЕЛТС?

Организациите обично нема да ги прифатат вашите резултати ако тие се постари од две години, освен ако не обезбедите доказ дека активно сте го користеле или сте се обиделе да го подобрите вашиот англиски јазик по полагањето на тестот. Партнерите на ИЕЛТС не можат да ја потврдат валидноста на резултатите од тестовите кои се постари од две години.

Како може мојот ИЕЛТС тест повторно да се оцени?

Ако не сте го добиле резултатот што го очекувавте, можете да се пријавите за повторно оценување на вашиот тест. Ова се нарекува Барање за проверка на резултатите (БЗПНР). Можете да одберете кои делови од тестот сакате повторно да бидат оценети, а тоа ќе треба да го побарате во тест центарот каде што сте го полагале тестот.

Надоместокот за оваа услуга е 5500 денари, кои ќе ви биде вратени доколку вашиот резултат на некој дел од тестот се зголеми.

Треба да се пријавите за повторно оценување најдоцна во рок од шест недели по датумот на тестирањето.

Преземете го Образецот за барање за проверка на резултатите од делот за преземање подолу и поднесете го до центарот за тестирање каде што сте го полагале тестот. Со образецот доставете и доказ за уплата. Ако има промена во резултатот, ќе биде потребно да го вратите оргиналниот Извештај од резултатот и ќе ви биде издаден нов.

Барањето за проверка на резултатите трае од две до четири недели.

Може ли повторно да го полагам тестот ИЕЛТС?

Нема ограничувања за повторно полагање на ИЕЛТС. Можете да се регистрирате за тестирање веднаш штом почувствувате дека сте подготвени да го сторите тоа.

Ве молиме, имајте предвид дека вашиот резултат веројатно нема да се зголеми ако не направите значителни напори за подобрување на вашиот англиски јазик пред повторно да го полагате тестот. Посетете го делот за подготовка за да ги решавате тестовите со вежби и да го оцените вашето ниво