Полагајте го ИЕЛТС за да докажете дека ги имате потребните вештини по англиски јазик за да учите, работите, односно за да се преселите во Австралија. Приближно 900 високообразовни установи и програми во Австралија ги прифаќаат резултатите од ИЕЛТС како доказ за познавање на англискиот јазик.
Учете или работите во Австралија
Универзитетите и организациите во Австралија признаваат дека ИЕЛТС обезбедува точна проценка на вашата способност да разбирате, читате, пишувате и зборувате на англиски јазик. Тестот е развиен од страна на водечки експерти во полето на оценување на познавањето на англискиот јазик.
Нашиот инструмент за пребарување преку интернет содржи детални информации за сите организации во Австралија коишто го прифаќаат ИЕЛТС. Дознајте повеќе за можностите за учење во Австралија од организациите каква што е „Учење во Австралија“.
Преселете се во Австралија
ИЕЛТС е составен дел од процесот на доселување согласно со визата за доселување во Австралија.
Овој тест е задолжителен за главниот барател, како и за сопругот/сопругата и сите возрасни издржувани лица постари од 18 години. Треба да ги проверите резултатите од ИЕЛТС, како и соодветната верзија на тестот (академски или општ тест) потребна во Австралија, пред да се пријавите за ИЕЛТС.
Можете да дознаете повеќе за постапките за барање на имиграциска или студентска виза со тоа што ќе ја посетите интернет-страницата на Австралиското владино министерство за имиграција и државјанство.