Planning advice
Planning advice image

За да се пријавите да студирате во друга земја, потребно е внимателно планирање. Искористете го нашиот список на задачи за да го следите вашиот напредок. 

До 3 години пред запишувањето

Одберете го колеџот, односно универзитетот што ви одговара и проверете која верзија на ИЕЛТС треба да ја полагате и кој е потребниот резултат што треба да го постигнете на тестот ИЕЛТС. Дознајте како да се пријавите за ИЕЛТС

Одржете добар академски успех во рамките на тековната институција. 

  • Најдете го најблискиот центар каде што се спроведува ИЕЛТС тестот, проверете кој датум најмногу ви одговара и пријавете се за тестирање. Треба да планирате да го полагате испитот 12 – 14 месеци пред да се запишете на соодветниот курс.
  • Почнете да се подготвувате за ИЕЛТС – дури и ако вашиот мајчин јазик е англиски. Треба да се запознаете со форматот и динамиката на тестот. 
  • Дознајте дали институциите за коишто сте заинтересирани бараат приемен тест. Почнете да планирате да ги полагате тестовите што ги бара институцијата што сте ја одбрале. 

15 - 18 месеци пред запишување

Погледнете ги информациите за учење од организациите какви што се

За дестинации како Тајланд, посетете ја официјалната веб-страницата на универзитот за Меѓународни програми / колеџи

12 - 14 месеци пред запишување

Полагајте го тестот ИЕЛТС и добијте ги вашите резултати во рок од 13 дена. Посетете ги нашите курсеви и ресурси за да добиете претстава како да се подобрите доколку не сте го постигнале потребниот резултат.

  • Подгответе папка за секоја институција каде што сакате да се пријавите за да може да ги организирате сите обрасци, дописи и други документи. 
  • Внимателно прочитајте ги сите материјали за пријавување и исполнете ги сите услови до предвидените рокови. Направете календар за пријавување кој ќе ви помогне да ги запазите сите рокови. 

10 - 12 месеци пред запишување

  • Пополнете го барањето за прием во институциите коишто сте ги одбрале. 
  • Пополнете ги вашите барања за финансиска помош и стипендии. 
  • Проверете ги условите за виза. 

6 - 9 месеци пред запишување

  • Во оваа фаза треба да знаете кои институции ве примиле како студент.

3 месеци пред запишување

  • Бидете сигурни дека вашето барање за виза напредува според планот.

Дополнителни страници

Споделете на социјални мрежи