Terms and conditions
Terms and conditions image

Битно е да ги прочитате и да ги прифатите условите за тестот ИЕЛТС кога ќе се пријавите за полагање на тестот.

Исто така, условите ги добивате во Известувањето за кандидатите, вклучено во образецот за пријавување.

Условите содржат важни информации, вклучувајќи и детали за:

  • подготовки за денот на тестирање
  • што може да понесете во просторијата за тестирање
  • правила кои треба да ги почитувате
  • безбедност на тестирањето
  • што може да очекувате од процесот на добивање резултати
  • процес за откажување
  • како ги користиме вашите информации

Кога ќе ја потпишете изјавата на образецот за пријавување, потврдувате дека сте ги прочитале и сте ги разбрале условите на тестот ИЕЛТС и се согласувате да се придржувате кон нив.

Ве молиме да имате предвид: 

Безбедноста на тестовите ИЕЛТС ни е битна. Како дополнителна мерка, сите учесници ќе мора да се фотографираат на денот на тестирањето. Ве молиме да ги прегледате упатствата поврзани со фотографирањето доставени при пријавувањето за тестот. 

Измена на форматот на тестот

Кандидатите имаат право да го променат модулот на тестот (академски, или општ испит) доколку сѐ уште има слободни места, но секоја измена мора да се направи најмалку 7 денови пред вашиот регистриран датум. Учете англиски со нас. Учете англиски со нас и ќе учите со светските експерти по англиски јазик. 

Полагајте го тестот ИЕЛТС во овластен центар. Доколку забележите некоја неправилност ве молиме да не информирате на ielts.security@britishcouncil.org.