Имајте предвид дека за тестовите ИЕЛТС за визи и имиграција во Обединетото Кралство (УКВИ) кои ќе се полагаат по 7 април 2020 година, ќе се применуваат следниве специфични услови за откажувања и префрлувања за УКВИ.Ако го полагате тестот пред 7 април или не полагате ИЕЛТС за визи и имиграција во Обединетото Кралство (УКВИ), погледнете во Општите услови.

Забелешка: Овие услови се применуваат само за тестирањето за ИЕЛТС за визи и имиграција во Обединетото Кралство (УКВИ), вклучувајќи го и ИЕЛТС Животни вештини. Ве молиме, земете го во предвид соодветниот документ за услови за ИЕЛТС тестовите што не се за визи и имиграција во Обединетото Кралство (УКВИ). 

A. Откажување 

Може да ја откажете вашата регистрација за тестот ИЕЛТС во кое било време пред да го полагате тестот со тоа што ќе го известите центарот за тестирање. Условите за поврат зависат од тоа кога ќе се откажете и дали може да се применат посебни услови. 

1. ВРЕМЕ ДО ДАТУМОТ НА ТЕСТИРАЊЕ 

1.1. Повеќе од 14 дена пред тестот: 

Доколку ја откажете регистрацијата за тестот ИЕЛТС повеќе од 14 дена пред тестот, ќе добиете поврат од 75% од вкупниот надоместок за тестот. 

1.2. Во рок од 14 дена, но повеќе од 2 дена пред тестот: 

Доколку ја откажете регистрацијата за тестот ИЕЛТС во рок од 14 дена, но повеќе од 2 дена пред тестот, ќе добиете поврат од 50% од вкупниот надоместок за тестот.  

1.3. Во рок од 2 дена пред тестот: 

Доколку ја откажете регистрацијата за тестот ИЕЛТС во рок од 2 дена пред тестот, ќе добиете поврат од 25% од вкупниот надоместок за тестот. 

1.4. На денот на тестот или по тестот: 

Доколку ја откажете регистрацијата за тестот ИЕЛТС на денот на тестот или по тестот, нема да добиете поврат на средствата за надоместок. 

2. ИСКЛУЧОЦИ ЗА ЛИЦАТА КОИ ЌЕ ГО ПОЛАГААТ ТЕСТОТ 

Може да пријавите случај под посебни услови до вашиот центар за тестирање пред тестот и до 5 дена по датумот на тестот, доколку не сте присуствувале на тестот. Центарот за тестирање ќе ви одговори во писмена форма во рок од 7 работни дена од приемот на вашето барање. Центарот за тестирање ќе го процени вашиот случај за посебни услови. 

Сите случаи за посебни услови и придружните докази мора да бидат примени во центарот за тестирање најдоцна во рок од пет дена од закажаниот датум за тестирање. 

Ако центарот за тестирање го одобри вашиот случај, ќе добиете целосен поврат на средставата, освен административната такса, која би чинела не повеќе од 25% од сумата. 

Ако центарот за тестирање не го одобри вашиот случај, тогаш ќе се применуваат условите дадени во дел 1. 

Посебни услови ги дефинираме како: 

  • Сериозни медицински состојби кои ве спречуваат да присуствувате или да работите нормално на денот на тестирањето; во такви услови е потребен придружен доказ со медицинска потврда од квалификуван доктор 
  • Доказ за жалост, траума или други форми на значајни тешкотии 
  • Воена служба 

3. ИСКЛУЧОЦИ ЗА ЦЕНТАРОТ ЗА ТЕСТИРАЊЕ 

Под одредени услови надвор од контролата на центарот за тестирање, можеби ќе треба да го откажеме вашиот тест. Овие услови вклучуваат и не се ограничени на екстремни временски услови, природна непогода, граѓански немири и индустриски активности. 

Во овие услови, вашиот центар за тестирање ќе ви овозможи колку што е можно повеќе информации и ќе ви даде избор на: 

  • Целосен поврат на средствата за надоместок или 
  • Префрлување на иден датум за тестирање што ќе биде погоден за вас. 

Во случаите кога центарот за тестирање го откажува тестот под услови кои се под негова контрола, тогаш покрај целосен поврат на средствата или префрлувањето на друг датум на тестирање, може да имате право да побарате надомест за направените трошоци. Вашето барање ќе биде оценето дали е разумно или не од страна на центарот за тестирање и секој надомест ќе биде доделен во зависност од следниве услови: 

  • Центарот за тестирање ќе процени дали одлуката за откажување е во рамки на или е надвор од неговата контрола. 

  • Секој доделен надомест ќе биде ограничен само на патни трошоци и трошоци за сместување, кои се: 
  • директно настанати како резултат на планирање на вашето присуство на денот на тестот, 
  • потврдени со потврди за плаќање, 
  • потврдени дека откажаното патување и/или трошоци за сместување не може да се вратат од продавачот, 
  • споредени со најниските разумни стапки на пазарот за трошоци (ова ќе го спроведе центарот за тестирање). 
  •  Ако патувате подалеку од најблиското место за тестирање до вашето нормално место на живеење, тогаш центарот за тестирање нема да го смета вашето тврдење за разумно.  

 Б. Префрлувања 

4.1. Повеќе од 14 дена пред тестот: 

Може да го промените датумот на тестот во кое било време повеќе од 14 дена пред тестот. 

Мора да изберете датум на тестирање, кога тоа е достапно, во наредните три месеци од првичниот датум на тестирање. Ако претпочитаниот датум за тестирање е повеќе од три месеци по првичниот датум на тестирање, вашето префрлување ќе се третира како откажување. 

Истата резервација можете да ја преместите само еднаш. 

Центарот за тестирање може да наплати административна такса до 25% од вкупниот надоместок за тестот. 

 4.2. Во рок од 14 дена пред тестот: 

Секое барање за префрлување во рок од 14 дена од тестот ќе се смета за откажување. Погледнете го делот A. Услови за откажувања на овој документ. 

 Забелешки 

i. Центарот за тестирање е одговорен за издавање поврат на средствата и за организирање на трансфери. 

ii. Според дел A. 2., центарот за тестирање е одговорен за одлуките поврзани со побарувањата на лицата кои ќе го полагаат тестот за посебни услови. 

iii. Според делот А. 3., центарот за тестирање е одговорен за одлуките поврзани со компензацијата, вклучително подобноста и доделените износи.  

iv. Ако локалниот закон за заштита на потрошувачите во земјата каде што сте се регистрирале да го полагате тестот ИЕЛТС предвидува права на откажувања и префрлувања кои се поповолни за носителот на тестот отколку правата утврдени погоре, тогаш ќе се применува локалниот закон за заштита на потрошувачите.