Полагањето на IELTS на компјутер е нов начин на полагање на IELTS тестот.Тој им овозможува на лицата кои го полагаат тестот да ги полагаат деловите Читање, Слушање и Пишување на компјутер, додека делот Зборување останува да се полага во директен контакт со обучен IELTS тестирач.

За да им помогнеме на наставниците и туторите кои предаваат јазик да дознаат нешто повеќе за полагањето на IELTS на компјутер, организираме серија онлајн вебинари со нашиот IELTS експерт.За време на вебинарот, ќе зборуваме за општото IELTS искуство, а потоа ќе се фокусираме поконкретно на полагањето на IELTS на компјутер.Тоа ќе ви помогне подобро да го разберете овој формат и да ги споделите овие информации со вашите ученици кои се подготвуваат за полагање на тестот. 

На крајот од сесијата, ќе ви ги одговориме сите прашања поврзани со IELTS, така што бидете подготвени!

КАКО ДА СЕ РЕГИСТРИРАТЕ?

Откако ќе се регистрирате, ќе ви испратиме емаил за потврда со детални упатства како да се најавите и да пристапите на семинарот. Ќе ви испратиме потсетник еден ден пред вебинарот.

ИДНИ ВЕБИНАРИ

Датум Тема
17 март 2020 година | 13.30 IELTS на компјутер

Ве молиме да ја посетите нашата страница наменета за полагање на IELTS на компјутер за да дознаете нешто повеќе за истото и да ги видите идните сесии за тестирање.

Доколку ви е потребна помош при подготовката за IELTS тестот, регистрирајте се на еден од нашите бесплатни Success in IELTS вебинари за лица кои го полагаат тестот.

Гледајте ја снимката од вебинарот: