Не сте сигурни која верзија од тестот ИЕЛТС да ја полагате? Ние можеме да ви помогнеме! 

Постојат различни верзии на тестот ИЕЛТС што може да ги полагате. ИЕЛТС може да ви помогне да се движите низ светот, да ја добиете работата што отсекогаш сте ја сакале или само да ви покаже дека сте го подобриле вашиот англиски јазик. Тестот што треба да го изберете зависи од тоа што сакате да направите.

Пред да се регистрирате за тестот, проверете кој тест ви треба кај организациите во кои се пријавувате. 

IELTS Индикатор

Во време кога тестирањата се привремено недостапни поради Ковид-19, ИЕЛТС Индикатор е единствениот тест со кој можете да ги докажете вашите вештини по англиски јазик.

Полагајте го Академскиот ИЕЛТС тест

Полагајте ја академската верзија на тестот ИЕЛТС за додипломски и постдипломски студии или за работа во земја од англиско говорно подрачје.

Полагајте го тестот ИЕЛТС општа верзија

Полагајте ја општата верзија на тестот ИЕЛТС за студии на пониско ниво, за работа во вашата земја, или за работа или емигрирање во земја од англиско говорно подрачје. 

Сакате да работите или студирате во Обединетото Кралство?

Овој тест може да ви е потребен доколку сакате да работите, студирате или живеете во Велика Британија.

Mожете да изберете како полагате ИЕЛТС