Меѓународните студенти кои ќе се запишат во Обединетото Кралство во учебната 2020-21 година ќе имаат право да останат две години по завршувањето на студиите за да бараат работа.
По воведувањето на програмата, меѓународните студенти кои успешно ги завршиле студиите на додипломско ниво или повисоко ќе имаат право да аплицираат за програмата за постдипломско ниво.Процесот на аплицирање ќе биде колку што е можно поедноставен, а пријавените ќе подлежат на проверки за кривични дела и идентитет и на безбедносни проверки. Сите апликации ќе се доставуваат при престојот во земјата, а за тоа ќе се плаќа и надомест.
Сите студенти што ќе бидат прифатени за програмата за постдипломско ниво ќе добијат престој од две години што нема да може да се продолжи.Во тој период, тие ќе можат да работат или да бараат работа, со кое било ниво на вештини и образование, но нема да можат да добијат пристап до јавни финансии и нема да им се акумулираат права за стекнување постојан престој.Исто така, дипломираните студенти ќе можат да се префрлат на квалификувана работа откако ќе најдат соодветна работа.
За повеќе информации, ве молиме преземете го сумарниот документ издаден од Министерството за внатрешни работи на Обединето Кралствошто можете да го најдете на крајот на оваа страница.