ИЕЛТС општа верзија - докажете дека имате практични, секојдневни вештини за англиски јазик
ИЕЛТС општа верзија го мери владеењето на англискиот јазик во практичен, секојдневен контекст. Задачите и тестовите ги одразуваат и работното место и социјалните ситуации.
Полагајте го овој тест ако би сакале да:
- се обучите или учите на пониско ниво
- работите или да посетувате обука за работа во земја каде се зборува на англиски јазик
- емигрирате во земја од англиско говорно подрачје
- најдете подобра работа во вашата сопствена земја.
Ако сакате да емигрирате во Обединетото Кралство, дознајте повеќе за ИЕЛТС за Агенцијата за визи и имиграција во Обединетото Кралство (UKVI).
Цена за ИЕЛТС Општа верзија: 12, 300 мкд
Што е вклучено во цената? По уплатата добивате пристап до материјали за вежбање, бесплатни тестови за подготовка и многу повеќе.
Времетраење: 2 часа и 45 минути.
Формат: Има четири дела од тестот: Слушање, Читање, Пишување и Зборување. Кога ќе се регистрирате за вашиот ИЕЛТС тест во Британскиот совет, тестот ќе се одржи во официјален тест центар за ИЕЛТС на Британскиот совет.
Тестот по зборување може да ви се понуди истиот ден како и другите делови од тестот или до една недела пред или по нив. Ако вашиот тест по зборување е во различен ден од главниот ден за тестирање, ќе добиете известување однапред.
Од јули 2020 година, некои од нашите тест центри ќе почнат со одржување на делот за зборување на тестот ИЕЛТС преку видео повици. Ова значи поголема флексибилност и поголема достапност на тестовите за зборување на ИЕЛТС.
Вие ќе го полагате делот за зборување на тестот ИЕЛТС преку видео-повик во официјален тест центар на ИЕЛТС со ист висок стандард на верификација на идентитетот. Тестот ќе биде ист како делот за зборување лице-в- лице, во однос на содржината, бодувањето, времето, степенот на тежина, форматот на прашања и безбедностa. Одржуван од страна на ИЕЛТС испитувач за зборување, овој дел на тестот на видео-повик ќе биде ист kako интервјуто лице-в-лице.
За повеќе информации, контактирајте го вашиот локален тест центар.
Регистрирајте се за тестот ИЕЛТС општа верзија
Успехот започнува со ИЕЛТС. Ако вашата цел е да учите на пониско ниво или да емигрирате во земја каде што се зборува на англиски јазик, тогаш ќе треба да го полагате тестот ИЕЛТС општа верзија.
Во Британскиот совет, ние сме посветени да ви ја обезбедиме поддршката која ви е потребна за да ви овозможиме добро да поминете на тестот. Кога ќе се регистрирате кај нас, добивате Бесплатен неограничен пристап до Патот до ИЕЛТС - Курс во последна минута. Ова вклучува девет видеа кои даваат совети и вежби, 100 интерактивни активности и два теста за ИЕЛТС општ со вежби за секоја од четирите вештини.
Најдете датум на тестирање за ИЕЛТС општа верзија.
Пред да се регистрирате за тестот, проверете кој тест ви треба кај организациите во кои се пријавувате.