Во време кога тестирањата се привремено недостапни поради Ковид-19, ИЕЛТС Индикатор е единствениот тест со кој можете да ги докажете вашите вештини по англиски јазик.

За ИЕЛТС Индикатор

Тестот е официјален производ на ИЕЛТС кој ги проценува сите четири основни вештини:

  • Слушање
  • Читање
  • Пишување
  • Зборување

 Резултатите ќе ги добиете во рок од 7 дена - ќе добиете оцена за секој дел поединечно и вкупна оцена. Важно е да знаете дека тестот ИЕЛТС Индикатор не е замена за тестот ИЕЛТС кој се полага во живо.  

Главни предности на ИЕЛТС Индикатор

Сигурност

Ова е онлајн тест кој може да го полагате лесно и безбедно од дома.

Достапност

Тестот се одржува секоја недела во одредено време - Вие треба само да се логирате на нашиот сигурен пребарувач.

Доверба

Тестот се прегледува од испитувачи за ИЕЛТС и користи реални тест прашања кои даваат точна слика за познавањето на јазичните вештини на кандидатот.

Кој го прифаќа ИЕЛТС Индикатор?

Ги поттикнуваме универзитетите и другите образовни институции да го прифатат ИЕЛТС Индикатор како алтернатива за одредување на познавањето на јазикот во време кога тестовите во живо не се достапни. Ве молиме проверете дали вашиот универзитет го прифаќа овој тест. 

Цена

Цената за ИЕЛТС Индикатор е 149 американски долари со вклучен данок. 

За да извршите уплата проверете дали вашата картичка ги има следните карактеристики:

  1. Може да плаќате преку интернет/ може да правите меѓународни трансакции. 
  2. Имате доволно средства за да платите за тестот
  3. Треба да биде Visa, Mastercard, American Express или Union Pay International со можност за уплата во долари.