Што претставува IELTS за Визи и имиграција во ОК?

Ако сакате да работите или да студирате во Обединетото Кралство, можеби ќе треба да се пријавите за виза во Обединетото Кралство и да покажете дека сте го исполниле потребното ниво на англиски јазик со полагање на Сигурните тестови за англиски јазик (SELT) одобрени од Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство, како што се ИЕЛТС за за визи и имиграција во Обединетото Кралство (академски и општ) или ИЕЛТС животни вештини.

Која е разликата во форматот на тест помеѓу ИЕЛТС и ИЕЛТС за визи и имиграција во Обединетото Кралство?

IELTS и IELTS за визи и имиграција (UKVI) се исти во однос на форматот, содржината, бодувањето и нивото на тежина.Сепак, Формуларот со извештај за тестот што ги содржи вашите резултати е малку поинаков за да се покаже дека сте го полагале тестот на официјална локација за ILETS за  за визи и имиграција (UKVI), којашто е одобрена од Министерството за внатрешни работи на Велика Британија.

Кој формат на тест треба да полагам?

Ако сте студент, ве молиме проверете на вашиот универзитет/колеџ/училиште кој тест ви е потребен пред да се регистрирате.

Ако се пријавувате за студентска виза (Ниво 4) на високообразовна институција за директно да се пријавите за дипломски или постдипломски студии на универзитет кој е спонзор за Ниво 4, мора да го исполните нивото на англиски јазик поставено од институцијата. Сите британски универзитети и колеџи ги прифаќаат резултатите од Академскиот ИЕЛТС Ова значи дека можеби нема да ви треба тест ИЕЛТС за визи и имиграција во Обединетото Кралство (академски), туку може да поднесете резултат од Академскиот ИЕЛТС

Ако НЕ сте студент, ве молиме проверете кој формат на тест ви е потребен кај организациите за кои се пријавувате, пред да се регистрирате за истиот.

Полагање на ИЕЛТС за за визи и имиграција со Британскиот совет

IELTS тестовите за UKVI (академска и општа верзија) се полагаат во тест-центар одобрен за UKVI.Британскиот совет има одобрени локации за UKVI низ целиот свет.