Полагајте го тестот ИЕЛТС со Британскиот совет и добијте ја помошта што ви треба
Кога ќе се регистрирате за тестирање по ИЕЛТС, сакате да бидете фокусирани на постигнувањето на резултатот што ви треба за да стигнете онаму каде што сакате да одите.
Затоа, кога се регистрирате за ИЕЛТС со Британскиот совет, ние гарантираме дека вашиот процес на регистрација е најлесен што може, а исто така ви ја нудиме поддршката што ви треба на вашиот пат кон денот на тестирање.
Пристап до ексклузивни подготвителни материјали и дополнителни бенефиции кога ќе се регистрирате за ИЕЛТС со Британскиот совет
- Слободен неограничен пристап до Курсот во последна минута на Патот до ИЕЛТС: Тој вклучува девет видеа кои даваат совети и вежби, 100 интерактивни активности и два теста за вежбање за секоја од четирите вештини - а кога ќе се регистрирате за ИЕЛТС со Британскиот совет истиот е бесплатен.
- Бесплатни тестови за вежбање: Пристапете до бесплатните тестови за вежбање преку интернет на takeielts.org/prepare или нарачајте копија од Книгата со вежби на ИЕЛТС, која содржи примерок тестови за ИЕЛТС Академски и Општа обука.
- Подгответе се во движење: Имаме низа бесплатни иновативни апликации достапни за да ви помогнеме да ги подобрите вашите вештини за англиски јазик, дури и кога сте во движење.
- Експертска поддршка: Од видеа и книги до онлајн интерактивни курсеви, имате пристап до најдобрите подготвителни материјали за да ви помогнеме да поминете добро на вашиот тест.
- Лесно регистрирање: Можете или да серегистрирате онлајн или во официјален тест центар за ИЕЛТС на Британскиот совет.
- Погодни датуми и локации: Ова значи дека имате голем број на опции за тоа каде и кога сакате да го полагате тестот.
- Пет дополнителни бесплатни Обрасци за извештај со резултати од тестот (ОЗИТ): Добијте уште пет дополнителни примероци од Обрасците за извештај со резултати од тестот испратени бесплатно директно до институциите во кои аплицирате (на пример, универзитети, канцеларии за имиграција итн.).
- Внимателно одбрани места: Сите наши 850 официјални ИЕЛТС центри за тестирање на Британски совет ги имаат современите објекти што би ги очекувале и се добро лоцирани.
- Професионален, пријателски персонал: Високо обучен и искусен персонал за да се осигуриме дека вашиот ден на тестирањето ќе се одвива непречено.
- Практични опции за плаќање: онлајн и лично (или преку банкарски трансфер).