Идеи кои менуваат животи

Дали имате добра дигитална идеја која има потенцијал за позитивна промена во светот? Приклучете се на нашиот предизвик за да освоите награда од 20,000 фунти и можност за соработка со нашите тимови за дигитален развој, партнерство и иновација, на иницијатива за остварување на една од шестте цели за одржлив развој на Обединетите нации.

Што претставуваат целите за одржлив развој?

Целите за одржлив развој, исто така познати како глобални цели, претставуваат план за постигнување на подобра и посигурна иднина за сите нас. Вашето дигитално решение мора да се однесува на една или повеќе од следниве одржливи цели за развој:

Доколку се избере вашата идеја, ќе добиете награда од 20,000 фунти и прилика да работите со нас на нејзина  реализација и промоција во земјите во кои работиме.

Како да се вклучите?

„Идеи кои менуваат животи“ е отворен предизвик за индивидуалци и организации ширум светот. За да се пријавите треба да ја пополните нашата онлајн пријава до полноќ на 23 ноември (британско време), во прилог на објаснување од најмногу 250 зборови, за вашата идеја и како таа ќе го промени светот. Финалистите ќе бидат објавени на 30 ноември, а двајцата добитници на 21 декември на пладне.