Дечко со бордо дуксер седи покрај девојка во кафуле, а девојката му покажува нешто на нејзиниот мобилен телефон.

Според нашето истражување, младите сè повеќе се информираат за новостите од социјалните мрежи на нивните паметни телефони, додека, пак, локалните радија и телевизии продолжуваат да бидат важен извор на информации за повозрасните лица. 

Соработуваме со младинските медиуми со цел да ја поддржиме соработката и да ги продлабочиме капацитетите со кои ќе се зголеми видливоста на младите девојки и момци и со кои ќе се засили нивниот глас во медиумите. 

Со тоа што им пружаме можност на младите новинари да се здобијат со практично искуство во рамките на нашата програма за обука за млади новинари, на следната генерација ѝ нудиме единствена можност да стекне нови вештини. Стипендираме и млади за престижната Школа за истражувачко новинарство на БИРН.