The Living Room of the Future

Овој ноември собравме група на млади креативци од Западен Балкан кои учествуваа во креирањето на иднината на емитувањето соработувајќи со Би-Би-Си, лабораторијата за мешани реалности Датабокс (Databox) и Фондацијата за уметност и креативна технологија (FACT). Како дел од нашата програма PlayUK, работилницата „Дневна соба на иднината“ се одржа на регионалниот форум за иновации „ Sarajevo Unlimited“, регионална платформа за иноватори, старт-апи, таленти и спроведувачи на промени, организирани од страна на бизнис центарот за креативност и иновација Networks INТ.

Темите – медиумско емитување во иднината, прераскажување содржини и Object-Based Media (OBM) беа исто така претставени на пошироката публика на форумот, со говорот на Иан Форестер на главната сцена и Плавата соба на Би-Би-Си.

Двајца учесници на работилницата ќе бидат избрани да ја продолжат својата работа со обучувачите за време на искучителна програма за стручно усовршување во Велика Британија, каде ќе ги реализираат своите идеи. Ова возбудливо и интерактивно кинематографско искуство ќе биде презентирано на ФАКТ (FACT), во Ливерпул (Велика Британија) од 4 до 8 мај. Прочитајте повеќе и пријавете се на веб страницата на ФАКТ (FACT).

Осумнаесет учесници инволвирани во креативна област како кинематографија, програмирање и ИТ, добија можност подобро да се информираат за Object Based Media (OBM) и иновациите во медиумското емитување.
Обучувачите од Велика Британија споделија корисно знаење за нови начини на размислување во областа на емитувањето, Интернет на нештата (IoT – Internet of Things), приватност и податоци.
Плавата соба на Би-Би-Си беше одлична прилика за посетителите на Sarajevo Unlimited да се запознаат и да ги искусат последните трендови во технологијата за  прегледување и создавање содржини.
Иан Форестер, виш продуцент на Би-Би-Си, одржа предавање на главната сцена и сподели со публиката корисни информации за прераскажување содржини и иднината на медиумското емитување. 
Илија Тиричовски (лево) и Младен Ракоњац (десно) се учесници кои беа избрани да патуваат на тринеделен престој во Велика Британија со цел да ја реализираат нивната идеја.

Дополнителни страници

Споделете на социјални мрежи