Споделуваме знаење и доверба за поддршка на програма за градење капацитети која се занимава со локални проблеми и ги поврзува културните ресурси од Велика Британија со оние од Западниот Балкан.
Работиме со провајдери на тренинзи, образовни институции и културни организации со цел да се задоволи глобалната понуда и побарувачка на искусни и талентирани индивидуалци. Потпомагаме дијалози за политики, курсеви и стажирања кои инспирираат промена и овозможуваат витален сектор низ целиот свет.
Со цел да се поддржи развојот на креативниот сектор во Западниот Балкан кој придонесува со се повеќе можности за вработување/ ангажман на млади креативци, овој дел од нашата работа им овозможува на индивидуалците да се здобијат со специфични вештини и знаење преку соработка со потенцијални работодавци во креативната индустрија.