Програмата за визуелна уметност имаше за цел да им помогне на музеите и галериите од Западен Балкан да привлечат млада публика.
Основните активности вклучуваа тренинг и развој, посети за размена на стручно образование и споделување на британското искуство и знаење во областа на визуелната уметност и музеите, надополнети со изложба од колекцијата на Британскиот Совет или од страна на нашите партнери како платформа за поддршка во имплементирањето на ново стекнати вештини.
Во изминатиот период претставници на музеи од Западен Балкан беа обучувани од страна на експерти од музејот „Tyne and Wear”, Националниот музеј на Шкотска и Лондонскиот музеј за дизајн. Исто така, организиравме неколку светски познати изложби во регионот, вклучувајќи ја и „Нова религија“ на Дејмиен Хрст во 2016 година, „Суетата на малите разлики“ на Грејсон Пери во 2017 година, изложбената турнеја „Перцепции“ помеѓу 2018 и 2019 година и 77 Million Paintings на Брајан Ино во 2018 година, многу од кои ги прикажаa делата на современите уметници од Велика Британија заедно со уметничките дела од Западен Балкан.