Брајан Ино создал многу музички дела и остварил бројни соработки, но неговата работа со визуелни експерименти со светла и видеа трае подолго од неховата музичка кариера. Овие инсталации претставуваат основа за голем дел од неговата работа, и досега биле изложени на многу локации во светот – од Венецијанското биенале и Мермерната Палата во Санкт Петербург до паркот Ритан во Пекинг и Сиднејската опера.
Изложбата „77 Million Paintings“која е создадена во 2006 година се прикажува во просторија со блага светлина и променлива амбиентална музика, создавајќи тродимензионално смирувачко искуство. Името на изложбата „77 Million Paintings“означува можен број на различни комбинации на аудио и видео содржини, кои се управувани од компјутерска програма и постојано се менуваат, создавајќи уникатно уметничко искуство за посетителите.
Штом сфатите дека полека се менува, добивате желба да останете подолго за да видите што следува.... и следното нешто доаѓа многу полека, трае некое време и потоа се претопува во нешто друго... како да го гледате времето во успорена верзија.
Брајан Ино