Музичарот, продуцент, визуелен уметник и активист Брајан Ино за прв пат се истакнува на меѓународната сцена во раните 70-ти години како еден од основачите на групата Рокси Мјузик, со бројни влијателни соло албуми. Неговата визионерска продукција брои албуми на Токинг Хедс, Дево, Лори Андерсон, Ју2иКолдплеј, додека долгата листа на соработки вклучува имиња како Дејвид Боуви, Џон Кејл, Дејвид Бирн, Грејс Џонс, Џејмс Блејк и многу други.
Подеднакво значајни се и неговите визуелни експерименти со видеа и светла, со кои се бави подолго и од музичката кариера. Тие претставуваат инспирација за голем дел од неговата работа и досега биле изложени на повеќе локации во светот – од Венецијанското биенале и Мермерната Палата во Санкт Петербург до паркот Ритан во Пекинг и Сиднејската опера.