Четврток, 16 февруари

20.00 | ГРАДСКО КИНО МИЛЕНИУМ, СКОПЈЕ

Земја: Велика Британија, 2017
Траење: 117 мин.
Режисер: Danny Boyle 
Жанр: драма

Долгоочекуваното продолжение на филмот на декадата, Треинспотинг на Дени Бојл, е жива и срдечна повторна средба.

– The Guardian

 

Отпрвин беше можност...потоа беше предавство. Поминаа 20 години. Многу се смени, но многу и остана исто. Марк Рентон (Иан Мекрегор) се враќа во единственото место кое е дом за него. Тие го чекаат: Спад (Ивен Бремнер), Сик Бој (Џони Ли Милер), и Бегби (Роберт Карлајл).

Чекаат и другите стари другари: тагата, загубата, радоста, одмаздата, омразата, другарството, љубовта, копнежот, стравот, каењето, диаморфинот, самодеструктивноста и смртната опасност, сите го чекаат наредени, подготвени да заиграат.