Недела, 19 февруари

18.00 | МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР, СКОПЈЕ

Земја: Велика Британија, 2016
Траење: 90 мин.
Режисер: Peter Middleton, James Spinney
Жанр: документарен, драма

Стравот од губењето на видот е совршено доловен во инспиративна документарна драма за авторот и академик Џон Хал.

– The Guardian

Во 1983, по децении постојано влошување, писателот и теолог Џон Хал целосно ослепел. За да си помогне во наоѓањето смисла за пресвртот во неговиот живот, тој започнал да ги документира своите искуства на аудио касета. По кусиот истоимен филм, добитник на Еми, Белешките за слепилото зазема креативен пристап кон документарната форма. Актерите ги движат усните усогласено со гласовите на семејството, користејќи ги оригиналните аудио записи на Џон со привлечна кинематографија и богат дизајн на звукот. Резултатот е поетична и интимна приказна за загубата, преродувањето и трансформацијата, документирајќи го необичното патување на Џон во „свет над видот“.