Сабота,18 февруари

20.00 | МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР, СКОПЈЕ

Земја: Велика Британија, 2016
Траење: 94 мин.
Режисер: Benedict Andrews
Жанр: драма

Уна е смел поглед на една тешка тема, без значаен морален компас и со постојано потценување на очекувањата.

– London Film Festival

УНА го следи патот на млада жена која сака да си го врати минатото. 15 години претходно, Уна бега со постар маж, Реј, престап за кој била уапсена и затворена. Кога наидува на негова слика во каталог, Уна го пронаоѓа и се појавува кај него на работа. Нејзиното ненадејно појавување се заканува да го уништи новиот живот на Реј и да  ја измести од колосек нејзината стабилност. Се појавуваат неискажани тајни и закопани сеќавања, додека Уна и Реј трагаат низ урнатините на минатото. Нивната средба покренува неодговорени прашања и неисполнети копнежи. Ќе ги стресе и обајцата до темел. УНА гледа во сржта на уништувачката форма на љубов и прашува дали искупувањето е можно.