Овој отворен повик повеќе не прифаќа пријави. (22 ноември 2021 година)

Програмата Creative Producers претставува можност за професионален развој на надежните продуценти коишто доаѓаат од земјите од поширока Европа; Азербејџан, Грузија, Казахстан, Украина, Узбекистан, Турција и Западен Балкан* (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија). *кандидатите од Црна Гора не можат да се пријават во овој круг

Целите на програмата се развој на вештини и капацитети, изградба на нови мрежи и помош при копродукција. Таа е дизајнирана да ги развие креативната продукција како професија и добрите уметнички практики во сите вклучени земји и Обединетото Кралство.  Програмата ќе го поддржи започнувањето и развојот на проектот и ќе им помогне на тимовите и креативните економии да испорачаат поамбициозни и посмели креативни иницијативи. 

Сакаме да ги мотивираме новите креативни продуценти, поттикнувајќи уметничко експериментирање и работа со разни уметнички форми.

Курсот и проектите

Работилниците ги водат учесниците низ процесот на креирање и јасно пренесување креативна проектна идеја и ги учат како да размислуваат за тоа каде, кога и како ќе се одвива практичната реализација и за кого таа е наменета. Во текот на програмата, целта е да се создаде одржлива заедница на креативниот сектор чиишто корени се наоѓаат на локално ниво, но којашто е поврзана на меѓународно ниво и има познавања од бројни области: од креативна визија и технички предизвици до буџети, логистика и публика.

Програмата ќе се состои од:

  • двонеделна онлајн програма за креирање и јасно пренесување креативна проектна идеја и размислувања за тоа каде, кога и како ќе се одвива практичната реализација и за кого таа е наменета;
  • финансиска поддршка и менторство за избрани проектни идеи за целите на имплементација и дисеминација.

Creative Producers

Креативен професионалец како посредник којшто гради соработка и односи, поврзува делови од мрежа, ги поврзува луѓето со ресурсите, идентификува поволни правци за развој за креативните луѓе и честопати ги премостува различните делови од екосистемот каде што професионалните јазици и пристапите кон работата често се разликуваат. *Мрежа за креативни претпријатија, финален извештај 2019 година

Пријавување и подобност

Ги покануваме да се пријават сите надежни продуценти од сите области и дисциплини од културните и креативните индустрии.

Кандидатите треба: 

  • Да креираат проект којшто е поврзан со културните и креативните сектори 
  • Да креираат уникатен проект којшто ќе направи разлика во секторот
  • Да размислуваат за стратегија за одржливост и дисеминација додека го креираат проектот
  • Да размислат за вклучување на културниот сектор во Обединетото Кралство
  • Да креираат проект којшто ќе се однесува на еднаквоста, различноста и инклузијата
  • Да реализираат изводлива проектна идеја помеѓу март и јуни 2022 година со постоечките ресурси и потенцијалните ограничувања како резултат на Ковид-19

Правила и услови

Програмата ќе се одвива онлајн и учесниците треба:

  • Да имаат 18 или повеќе години
  • Да имаат 3 до 5 години искуство во целокупно создавање нови дела 
  • Да се посветат на сите фази од програмата (види Клучни датуми подолу)
  • Добро да го познаваат англискиот јазик (ниво Б2 на скалата на ЦЕФР)
  • Да учествуваат во оценувањето
  • Да учествуваат во интервјуа и/или блогови каде што ќе го споделуваат своето искуство од програмата
  • Да ги споменат програмата и партнерите при секоја идна презентација на нивната проектна идеја

Клучни датуми

Краен рок за пријавување: 22 ноември 2021 година

Успешните кандидати ќе бидат известени на:  6 декември 2021 година

Програмата за онлајн учење започнува на: 24 јануари 2022 година 

Програмата за онлајн учење завршува на: (да се утврди) февруари 2022 година

Краен рок за поднесување пријави за финансиска поддршка:  15 февруари 2022 година

Имплементација на проекти и дисеминација: март – јуни 2022 година

Како да се пријавите

Кандидатите треба да го пополнат и поднесат онлајн формуларот за пријавување до понеделник 22 ноември 2021 година во 23:59 часот.

Кандидатите треба да ги вклучат следниве информации во формуларот за пријавување:

  • Кратка изјава за досегашната уметничка практика и зошто се заинтересирани да учествуваат во оваа програма
  • Кратка изјава за тоа како нивната проектна идеја може да влијае на креативната сцена на Западен Балкан и Обединетото Кралство
  • Кратка изјава за нивната проектна идеја и како би сакале да ја имплементираат 

Оценување

Пријавите ќе се оценуваат од страна на комисија за оценување формирана од претставници на Британскиот совет и Curated Place

Британскиот совет е отворен за кандидати од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија), при што вкупно 20 продуценти од овој регион ќе бидат поканети да учествуваат во програмата.

Пријавите коишто се целосно пополнети и поднесени до крајниот рок за пријавување ќе бидат земени предвид од страна на комисијата за оценување. 

Комисијата ќе ги оценува пријавите според подобноста на кандидатот и квалитетот на информациите вклучени во формуларот за пријавување. Многу е важно во вашата пријава јасно да образложите зошто сте заинтересирани за програмата Creative Producers и какво влијание може да има вашата проектна идеја врз креативните сцени на Западен Балкан и Обединетото Кралство.

Поради бројот на пријави, нема да бидеме во можност да даваме повратни информации за неуспешните пријави.

За какви било прашања во врска со пријавувањето ве молиме контактирајте нѐ на Milan.Lucic@britishcouncil.org.

За Curated Place

Програмата Creative Producers ќе биде поддржана од Curated Place.

Curated Place е уметничка и креативна продукциска компанија којашто е специјализирана за меѓународни јавни програми, големи јавни инсталации, оригинални дела, развој на уметници, музичка стратегија, настани и одржлива испорака на продукција.

https://www.curatedplace.com/ 

Споделете на социјални мрежи