Свесни сме за моќта која ја имаат музеите денес. Сакав да дознаам како музеите во Велика Британија пристапуваат кон вклучување на заедницата во мултиетничка околина.
– ИРЕНА РУЖИН, НАЦИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА „ИНСТИТУТ И МУЗЕЈ“, БИТОЛА
Оваа програма за размена беше наменета за вработени во областа на музеите од Југоисточна Европа, да им се даде поддршка одново да ја осмислат сликата за нивната институција, да научат како да привлечат нова публика и да ги трансформираат нивните музеи во повозбудливи отворени простории со меѓународни врски.
Програмата започна во април 2014 година со седум избрани учесници од шест земји од Западен Балкан, кои се претставија на музеите во Велика Британија. Програмата се реализира со помош на грант од Headley Trust и е поддржана од страна на Британскиот Совет и Универзитетскиот колеџ во Лондон (USL).
Програмата ја истражуваше пошироката улога на музеите во современото општество, преку зацврстување и докажување идентитет, упатувајќи на тековни современи проблеми и поврзувајќи се со младината и заедницата. По учеството во програмата, учесниците се посветија на активности кои ќе помогнат во развивање вештини за ангажирање на заедницата и пренесување на здобиеното знаење на колегите во секторот.
По успешното завршување на проектот, направивме дијаграм за да го прикажеме резултатот преку времетраењето, информациите за учесниците, нивниот став за проектот, како и идните планови за нивните заедници и институции.