CC4WBs Отворени повици
УНЕСКО, Британскиот Cовет и Италијанската Агенција за Развојна Соработка (AICS) ги здружија силите во управувањето со Културата и Креативноста за Западен Балкан (CC4WBs), програма финансирана од Европската Унија, чија цел е поттикнување на меѓукултурниот дијалог и подобрување на социо- економското влијание на културниот и креативниот сектор во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија).
Преку широк партиципативен пристап насочен кон јавните институции, приватниот сектор, граѓанските (невладини) организации во културата, како и професионалци во секторот, програмата CC4WBs има за цел:
(1) подобрување на перформансите на културниот и креативниот сектор во Западен Балкан
(2) зајакнување на културната соработка во и со регионот и
(3) подобрување на инклузивното културно наследство за локален развој.
Фазата на планирање на програмата започна во април 2022 година, со цел да се организираат различни програмски насоки што ќе се одвиваат до април 2026 година.
Крајните корисници на програмата CC4WBs ќе бидат граѓани на Западен Балкан, кои ќе имаат различни можности да аплицираат за професионален развој и активности за градење на капацитети, како и финансирање од грантови во рамките на одредени теми.
Западен Балкан споделува богато и разновидно културно наследство и претставува енергична сцена за сите професионалци во креативната индустрија. Регионалната соработка и заедничко создавање бараат стимулации и поддршка, но тие се добро во тек.
Несомнениот потенцијал на регионот за понатамошен развој на културните и креативните индустрии е претставен во неговите бројни културни фестивали и настани, од кои некои се одржуваат со децении, но и со нови организации и иницијативи кои растat во број во последните неколку години.
Со својот голем број на таленти и амбициозните секторски двигатели на раст, културните и креативните индустрии претставуваат голема развојна можност за Западен Балкан.
Претстојни можности за учество
Можностите за финансирање и градење капацитети во рамките на програмата CC4WBs се организирани околу следните четири теми:
(1) подобрени локални културни простори преку подобрени јавно-приватни партнерства;
(2) уметници, медиумски професионалци и културни оператори мобилизирани, поврзани и овозможени да ја промовираат различноста на културните изрази во и од Западен Балкан;
(3) регионално вмрежување, соработка и промоција за зголемена културна продукција и пристап;
(4) заштита и искористување на културното наследство за одржлив развој
Отворените повици за предлози ќе се објавуваат во различни фази од спроведувањето на програмата, при што апликантите (организации и поединци) ќе бидат поканети да ги поднесат своите предлози и апликации поврзани со горенаведените области.
Новите информации поврзани со претстојните проектни активности ќе бидат редовно објавувани на веб-страниците на сите програмски партнери и каналите на социјалните медиуми.
Последни вести
За да бидете во тек со сите активности на CC4WB и претстојните можности, овој дел редовно ќе се ажурира со најновите информации и корисни врски.