Изложбениот настан на PlayUK ќе може да го следите во живо од сосема новиот простор за виртуелни изложби на PlayUK.Создадена во Mozilla Hubs, дизајнот на оваа нова виртуелна изложба припаѓа на илустраторот Анџела Јанковиќ, додека изработката е дело на Андреј Јагар.
По изложбениот настан на PlayUk во живо, просторот за виртуелни изложби ќе биде отворен за посета за сите луѓе ширум светот. Посетителите ќе можат слободно да го истражуваат овој разигран и енигматичен амбиент инспириран од српската архитектура. Тука тие ќе можат да ја запознаат групата за менторство на PlayUK или да ги следат сите говорите во нашите PlayUK онлајн салони што се одржаа во изминатите 6 месеци.
За да присуствувате на настанот на 24 март, ве молиме најавете се преку линкот на eventbrite, при што линк за приклучување на изложбата ќе биде споделен со вас пред настанот.