15:30 CET / 14:30 GMT |
Воведно обраќање
Воведно обраќање на Изложбата на PlayUK 20/21 од нашиот домаќин ова попладне, Џордан Ерика Вебер.
|
15:45 CET / 14:45 GMT |
Главно обраќање: Иван Нотарош. Истражување на Југоисточна Европа преку видеоигри Иван е независен развивач на видеоигри од Белград, Србија. Во својата работа, тој создава широк опсег на прототипови на видеоигри, честопати истражувајќи теми како што се процедурално генерирање содржини и искуства во прво лице. Во своето обраќање, Иван ќе ни раскаже за дел од неговите неодамнешни дела и ќе разговара за начинот на кој секое од нив црпи инспирација од места и простори низ Југоисточна Европа.
|
16:15 CET / 15:15 GMT |
Кратки обраќања за инспирација - 1
PlayUK 20/21 вклучи група од 10 млади креативци за видеоигри од целиот Западен Балкан и пошироко во Европа во една сосема нова програма за менторство. Во овие кратки обраќања ќе ги слушнеме сите менторирани учесници додека разговараат за тоа што ги инспирира нив и нивната работа на игрите.
|
16:25 CET / 15:25 GMT |
Главно обраќање: Ед Фир. Режирање на Murder by Numbers
Ед Фир е главен креативец во Mediatonic и режисер и косценарист на хумористичната логичка крими видео игра Murder by Numbers, чие дејство се одвива во деведесеттите години од минатиот век. Во своето обраќање, Ед ќе нè одведе зад сцената каде што се одвивал дизајнот и развојот на оваа критички прифатена видеоигра и ќе ги сподели своите впечатоци за тоа какво е чувството да се биде режисер на еден ваков иновативен наслов.
|
16:55 CET / 15:55 GMT |
Кратки обраќања за инспирација - 2
Вториот дел од кратките обраќања во кои менторираните учесници на PlayUK ни кажуваат што ги инспирира нив и нивната работа на игрите.
|
17:10 CET / 16:10 GMT |
Главно обраќање: Дајана Димовска. Основање на NapNok Games: Од Скопје до Копенхаген и назад
Со потекло од Северна Македонија, Дајана е коосновач и извршен директор на студиото за видеоигри NapNok Games од Копенхаген, кое може да се пофали со бројни награди и номинација за наградите Бафта. По отворањето на студиото, таа помага во неговото проширување во Скопје. Во своето обраќање, Дајана ќе зборува за патот што го минала градејќи го студиото од самиот почеток и ќе ги сподели нејзините искуства како дел од данската и македонската индустрија и заедница за видеоигри.
|
17:40 CET / 16:40 GMT |
Кратки обраќања за инспирација - 3
Третиот и последен дел од кратките обраќања во кои менторираните учесници на PlayUK ни кажуваат што ги инспирира нив и нивната работа на игрите.
|
17:50 CET / 16:50 GMT |
Панел дискусија: Малат Абас (претседавач), Агнеса Белегу, Бојан Ендровски, Кристина Јанковиќ . Поттикнување креативни заедници и настани
Завршната сесија на изложбата на PlayUK е посветена на панел дискусија која ќе обедини инспиративни организатори на заедници и настани од Западен Балкан и Обединетото Кралство. Тие ќе зборуваат за настаните и проектите што ги работат и ќе ги разгледуваат различните предизвици со кои можат да се соочат различните регионални заедници.
|
19:00 CET / 18:00 GMT | Крај на настанот |
Распоред за изложбата на PlayUK
Споделете на социјални мрежи