Агнеса Белегу, дизајнер на видеоигри (Techland)

Агнеса Белегу, дизајнер на видеоигри (Techland)
Агнеса Белегу е страсна дизајнерка на видеоигри, која моментално работи во Полска на видеоиграта Dying Light чиј издавач е Techland. Уште од 2017 година, а особено кога е физички присутна во Косово, работи на поставување на темелите на гејмерската индустрија во нејзината земја. Магистер по интерактивна забава, работи како ментор на учениците преку програмата JuniorGeeks, при што применува и развива наставна програма за дизајн на игри. 

Како една од основачите на заедницата на развивачи на видеоигри од Косово (Kosovar Game Developer - KGD), таа продолжува да работи на развивање и зајакнување на заедницата во Косово.
https://www.linkedin.com/in/agnesabelegu

Дајана Димовска, извршен кодиректор (NapNok Games)

Дајана е сериски претприемач со десетгодишно искуство во развој на бизнис и видеоигри. Таа е извршен кодиректор на студиото за видеоигри NapNok Games, кое може да се пофали со бројни награди и номинација за наградите Бафта. Покрај ова, како коосновач на Колективот за видеоигри од Копенхаген (Copenhagen Games Collective) и на Европската изложба на видеоигри (European Game Showcase) и една од женските основачи на светското движење Game-Jam, таа останува посветена да помага во развојот на заедницата за независни видеоигри.
http://napnokgames.com/
https://twitter.com/DajanaDimovska

Ед Фир, Главен креативец (Mediatonic)

Ед Фир е главен креативец во Mediatonic и режисер и косценарист на хумористичната, логичка крими видео игра Murder by Numbers, чие дејство се одвива во деведесеттите години од минатиот век. Во текот на долгогодишното искуство во индустријата, работел како сценарист, дизајнер, консултант за наратив, продуцент, продавач и новинар на игри како The Swords of Ditto, Heavenstrike Rivals и Hatoful Boyfriend.

https://twitter.com/edfear

Иван Нотарош, Развивач на видеоигри (Независен)

Иван е мајстор за сé и доаѓа од Белград, Србија. Поголемиот дел од времето го поминува така што скока од проект на проект и развива прототипови за идеите што во моментот му паѓаат на ум. Со професионално искуство во архитектура и фотографија, интересот најмногу му го привлекува процедуралното генерирање содржини и искуствата во прво лице.
https://nothke.github.io/
https://twitter.com/Nothke

Џордан Ерика Вебер, Писател и презентер (на повеќе места)

Џордан Ерика Вебер, Писател и презентер (на повеќе места)
Џордан Ерика Вебер е резидент експерт за видеоигри на The Gadget Show (Channel 5), презентер на BBC Radio 4 и водител на неколку поткасти, како што се Wild Wild Tech и Talking Simulator.Пишува за Гардијан речиси една деценија и е коавтор на книгата „Десет работи кои можеме да ги научиме од видеоигрите (за животот, филозофијата и сè останато)“.
http://jordanwebber.com
https://twitter.com/jericawebber

Кристина Јанковиќ, административен менаџер (Здружение на српски видеоигри) (Serbian Games Association)

Кристина Јанковиќ со гордост ја поддржува мисијата на Здружението уште од неговото основање во 2018 година, како негов менаџер и заедничка точка за локалните студија за развој на видеоигри и пошироката заедница.Таа активно соработува со сите членови, партнери и пријатели на Здружението, како и со други играчи кои се релевантни за експанзијата на екосистемот на српската гејминг индустрија.
http://sga.rs/en/
https://www.linkedin.com/in/kristina-jankovi%C4%87-56225161/

Малат Абас (Biome Collective)

Малат Абас е независен дизајнер на видеоигри, уметник и продуцент, кој работи на експериментални и значајни игри. Малат го основаше првиот шкотски колектив за видеоигри и простор за соработка Biome Collective, кој претставува разновидно и инклузивно место на кое се соединуваат различни технологии, уметности и култури наменето за луѓе кои сакаат да создаваат, соработуваат и истражуваат игри, дигитална уметност и технологија.

Говорници на кратките обраќања на изложбата

  • Аднан Мујиќ, Развивач на софтвер и видеоигри
  • Гиорги Шелегија, Дизајнер на видеоигри
  • Јован Јарамаз, Дизајнер на видеоигри и нивоа
  • Јулија Макивиќ, Креативен технолог
  • Настасја Мјакинина, Уметник за околина и развивач на независни видеоигри
  • Павле Голоскокoвиќ, Дизајнер на видеоигри (Prune Games)
  • Стефан Шонтевски, Дизајнер на видеоигри (Aeria Canada)
  • Василије Ковачевиќ, Дизајнер на видеоигри