„ИДНИ ЕКОЛОГИИ“ е регионален проект за визуелни уметности којшто ќе се одвива во сите шест земји од Западен Балкан во текот на целата 2021 година. За да го означат почетокот на програмата и да ги најават своите изложби, кустосите имаат осмислено посебни почетни настани за секоја земја, а сите тие ќе се одржат онлајн во текот на првите две недели од март.

Придружете ни се за заедно да ги истражуваме темите како што се користење на нарацијата како алатка за дизајн; различни еколошки и политички проблеми кои произлегуваат од влијанието на човекот врз природата; токсични практики на пејзажниот систем на реката Неретва и градот Мостар; видео монтажи на пејзажи во Црна Гора создадени како одговор на темите што се поврзани со „ИДНИ ЕКОЛОГИИ“; пророчкиот потенцијал на уметноста, културата, пишувањето и филмовите во смисла на тоа дека тие не се само одраз на состојбата во светот, туку и работи што можат да ја предвидат нашата колективна иднина; и зголемената загриженост во врска со прашањето на загадувањето во регионот.

Користење на нарацијата како алатка за дизајн | 3 март 2021 година, 18:00 CET

Кои се приказните што го обликуваат нашиот свет? Постои ли дејственост во раскажувањето приказни?Историјата и визиите за иднината честопати се поврзани со вешто раскажување приказни, и сега кога почнуваме да ја разбираме важноста на овие приказни во обликувањето на нашето опкружување, можеме ли да ги направиме нивните наративи постратешки? Дали фикцијата може да стане алатка за планирање?

Дознајте повеќе за овој онлајн настан и регистрирајте се тука.

Екологија на мислата | 4 март 2021 година, 18:00 CET

Почетниот настан на македонскиот дел на проектот „Идни екологии“, којшто првично беше развиен од Британскиот совет и LUX, е организиран од Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија, е вебинарот наречен „Екологија на мислата“ .

Вебинарот ќе го водат уметници и кустоси од локалната сцена за визуелни уметности и ќе опфаќа различни еколошки проблеми.Човечките процеси во голема мера влијаат на животната средина и доведуваат до брзо менување на условите за живот:загаден воздух, почва, мориња, топење на мразот, пожари, поплави, уништени екосистеми, миграции, глад, пандемии.Како овие услови се рефлектираат или се преведуваат на визуелен јазик?И како овој јазик може да се користи како моќна алатка за подигање на свеста?

Дознајте повеќе за овој онлајн настан и регистрирајте се тука.

Можеби е отровно | 5 март 2021 година, 18:00 CET

Toxic Lands -„Можеби е отровно“ ќе претставува вовед во изложбата и средбите меѓу различните видови што ќе се одржуваат на различни локации во Мостар и на социјалните медиуми од март до јули 2021 година. Целта на Toxic Lands е да се иницираат критички дискусии и да се направи анализа на човечкото уништување во широка смисла, истражувајќи ги ефектите на Антропоценот (сегашната геолошка ера во која луѓето доминантно влијаат врз животната средина), воените траги, екологијата, космологијата, климатските промени, западните колонијални практики, екстрактивните индустрии и ранливата иднина на урбаните средини.

Дознајте повеќе за овој онлајн настан и регистрирајте се тука.

Иднина во рушевини | 8 март 2021 година, 18:00 CET

Во процесот на подготовка на изложбата „Идни екологии“/„Иднина во рушевини“, за време на кризата со глобалната пандемија предизвикана од вирусот КОВИД-19, собравме мал тим на уметници, филмаџии, кустоси и теоретичари коишто ќе учествуваат на изложбата за да создадат еден вид на обединета бучава што комбинира видео, звук и различни текстови што произлегуваат од разговорите во врска со идеите, стравовите и надежите.

Бидејќи во услови на пандемија не можевме да патуваме и да снимаме нов материјал, споделивме постоечки материјали, архивски записи, звук и текст со цел да ги рефлектираме и заеднички да ги замислиме можните исходи од прашањата што се отворија пред нас со проектот „Идни екологии“.Целата содржина е создадена преку онлајн комуникација и размена.

Дознајте повеќе за овој онлајн настан и регистрирајте се тука.

Проектите се пророштва, пророштвата се проекти | 9 март 2021 година, 18:00 CET

„Проектите се пророштва, пророштвата се проекти“ е серија од четири епизоди на подкасти.Ќе ги слушнеме Стине Дежа, Сесил Б. Еванс, Лука Ло Пинто и Џин Граф како зборуваат за иднината преку сопствените практики.Целта е да се разбере како различните уметници и кустоси пристапуваат кон фантазијата и творењето.Разговорите се водат на англиски јазик, а ги модерира Наталија Пауниќ.

Дознајте повеќе за овој онлајн настан и регистрирајте се тука.

Големиот смог од 2020-та | 10 март 2021 година, 18:00 CET

„Големиот смог од 2020-та“ како наслов потсетува на прочуениот смог во Лондон во 1952 година и го става во паралела со еден од најголемите проблеми на поголемите градови во Западен Балкан, квалитетот на воздухот. Приштина, Скопје, Сараево и Белград честопати се наоѓаат на топ 10 листата на градови со најзагаден воздух.Тие можат да се споредат со големите азиски индустриски градови како Вухан, Шенјанг и Мумбаи, а понекогаш се наоѓаат дури и повисоко на листата.Една од причините за лошиот квалитет на воздухот во Приштина е познатата „машина за чад“, електраната на јаглен во Обилиќ (Кастриот), покрај другите проблеми.Сепак, владата планира во скоро време да изгради уште една електрана на јаглен бидејќи тоа се смета за единствено одржливо решение за стабилизирање на производството на електрична енергија.

Дознајте повеќе за овој онлајн настан и регистрирајте се тука.

Споделете на социјални мрежи