©

Jane and Louise Wilson. Monument (Apollo Pavilion, Peterlee), 2003, still. Courtesy the artist and 303 Gallery

Можност

Во потрага сме по еден кустос од секоја земја од Западен Балкан којшто треба да одговори на темите кои ги истражуваат уметниците од Обединетото Кралство на изложбата на подвижни слики, FUTURE ECOLOGIES. Во соработка со Британскиот совет и LUX, ќе имате можност да претставите уметнички дела од современи уметници од земјите на Западен Балкан чиишто дела може да се поврзат со темите на FUTURE ECOLOGIES и ќе бидат изложени паралелно со делата на уметниците од ОК. Исто така, ќе имате можност да креирате и програма за вклучување на публиката преку која ќе привлечете публика која е запознаена и публика којашто допрва ќе се запознае со современиот уметнички филм.

Ова е можност за дизајн, развој и размена на кустосите од земјите на Западен Балкан да работат на курирањето на делата на FUTURE ECOLOGIES во својата земја и да креираат програма за вклучување на публиката.Избраните кустоси ќе отпатуваат во ОК на еднонеделната интензивна посета за кустоси организирана од LUX каде ќе се сретнат со уметници и уметнички организации од ОК, и ќе имаат можност да ги усовршат своите кустоски концепти за претставување на FUTURE ECOLOGIES во земјите на Западен Балкан.

За FUTURE ECOLOGIES

FUTURE ECOLOGIES е дел од WE ARE HERE: Уметнички подвижни слики од Колекцијата на Британскиот совет и LUX, серија уметнички филмски програми коишто истражуваат како современите уметници обработуваат теми како раскажување и наследство, социјална вклученост, родов идентитет, урбанизација и одржливост и различни гласови и размислувања преку биографија, документарци, поезија и фикција во филмовите.

Преку комбинирање на документарни, (научно) фантастични и поетски форми, делата во FUTURE ECOLOGIES креираат проникливи гледишта за околината, екологијата, космологијата, климатските промени, антропоцените, колонизаторските и екстрактивните индустрии, иднината на градовите и одржливоста. 

Интензивна студиска посета за кустоси: Работа со уметнички подвижни слики

Како дел од оваа можност за заедничко курирање, кандидатите коишто ќе бидат избрани ќе патуваат во ОК на еднонеделна интензивна студиска посета. Потпомогнати од LUX, кустосите ќе го истражуваат практиките на курирањето уметнички подвижни слики во современата уметност и кино и ќе прифатат еден широк концепт на курирање како обработка на дела од нивното добивање, архивирање, конзервација, реставрација и реформатирање, па сѐ до проекции, подготовка на програми, инсталирање, објавување, превод и толкување.Фокусот ќе биде ставен на усовршувањето на кустоските концепти за FUTURE ECOLOGIES во земјите од Западен Балкан каде кустосите ќе имаат можност да ги видат делата на уметниците од Обединетото Кралство. 

Во срцето на FUTURE ECOLOGIES се наоѓа курирана компилација од четири дела на Уриел Орлов, Луис Хендерсон, Шарлот Проџер и Бен Риверс. Покрај компилацијата, има и серија медиумски временски базирани инсталации од уметници како што се Лоренс Лек и Џејн и Луис Вилсон коишто, исто така, може да бидат изложени со компилацијата. Ве молиме погледнете го документот Future Ecologies Exhibition Specifications којшто е даден во прилог за повеќе детали околу делата и барањата за нивна инсталација.

Сè што треба да знаете е во овој дел:

Што ќе се случи во текот на Curatorial Intensive?

Програмата ќе се состои од низа семинари, дискусии и проекции со персоналот на LUX, кустоси и креатори на програми и современи уметници од ОК како и посети на Колекцијата на Британскиот совет, клучни институции и галерии во Лондон и еднодневна истражувачка посета на Бристол каде ќе присуствуваме на отворање на изложба во Spike Island.

Во текот на неделата, кустосите ќе имаат можност да соработуваат со професионалци во областа. Ќе имаат можност да се поврзат и со колеги кустоси, уметници и креатори на програми на дискусијата каде од избраните кандидати ќе се бара накратко да се претстават себе си и својата работа. Во текот на неделата ќе се одржи серија дискусии со некои од британските уметници во WE ARE HERE и кустоси коишто работат со подвижни слики.

Програмата ќе ја води Бенџамин Кук, основачки директор на LUX и LUX Scotland којшто е професионално вклучен во областите на визуелните уметности и независниот филм во ОК во последните 22 години како кустос, продуцент, архивар, писател и наставник.

Што бараме за овој отворен повик?

Во соработка со Британскиот совет и LUX, треба да одговорите на темите коишто ги истражуваат уметниците од Обединетото Кралство во рамките на FUTURE ECOLOGIES со доставување на уникатен кустоски предлог во којшто ќе бидат вклучени дела од современи уметници од земјите од Западен Балкан коишто ќе бидат изложени паралелно со британските дела.Не е неопходно овие дела да бидат филмски дела.

Исто така, треба да креирате и програма за вклучување на публиката преку која треба да привлечете публика која е запознаена и публика којашто допрва ќе се запознае со современиот уметнички филм.Програмата за вклучување на публиката треба да вклучува и други чинители како што се граѓански организации, активистички групи, здруженија на уметници и академици кои се активни во тематските области на FUTURE ECOLOGIES со што ќе се овозможи поширок социјален дијалог во рамките на изложбениот простор.  Исто така, ве поттикнуваме да размислите за креирање на програми наменети за професионален развој на уметници, кустоси, режисери, креатори на програми и студенти.

Што нуди оваа можност?

  • Пристап до колекциите на Британскиот совет и LUX на најдобрите современи филмови на британски уметници и запознавање со британски уметници
  • Шанса за заедничко курирање на изложба во соработка со Британскиот совет и LUX
  • Еднонеделна интензивна студиска посета за кустоси организирана од LUX во Лондон со група кустоси/соработници од регионот вклучувајќи работилници и теренски посети во ОК
  • Соработка со други партнери во земјата и Западен Балкан
  • Можност за размена на знаења и вештини преку заеднички модели на пракса со поддршка од експерти на полето на подвижни слики
  • Шанса за привлекување на нова публика и поврзување со дилери со професионалците во ОК и Западен Балкан  
  • Предложете продукциски буџет до 7.000 фунти за трошоци на изложбата.

За нашиот Партнер

LUX е меѓународна уметничка агенција којашто поддржува и промовира практики на подвижни слики на уметници и идеите коишто ги опкружуваат.  Основана во 2002 година како добротворна и непрофитна компанија со ограничена одговорност, организацијата претставува продолжување на работата на една долга низа на претходници (The London Film-Makers’ Co-operative, London Video Arts и The Lux Centre) која датира од шеесеттите години од минатиот век.  

Доколку имате какви било прашања, ве молиме испратете ни емаил на programmes@britishcouncil.rs.Ги очекуваме вашите предлози.