Говорник: Дива практика/Фиона Мекдоналд
Времетраење: Заедно – уметничка презентација, вовед, прашања – 45 минути; самостојно гледање – 30 минути; самостојни вежби – 30 минути; заедно – повратни информации, работа во мали групи, дискусија – 75 минути.
Максимален број на учесници: 30
Дали може спекулативните практики и примери за интеракција помеѓу повеќе биолошки видови и мутуализмот да придонесат да се негува подлабока и поетичка врска со нечовековата природа? Дива практика ќе сподели примери за аудиовизуелна работа и ќе води експерименти за пренасочување на вниманието и комуникација помеѓу видовите. За време на работилницата, за пример ќе послужи негативната дијалектика на Адорно, шумата што може да мисли на Едуардо Кон, и живата материјалност на Џејн Бенет. Ќе работиме на промена на перцепцијата, вниманието, спекулацијата, фантазијата и импровизацијата за да стапиме во подлабок и поинаков контакт со нечовековите битија, со цел да изградиме нова перцепција за нив и нас.
Фиона Мекдоналд работи со човекови и нечовекови битија, под псевдонимот Дива практика, при создавањето уметнички проекти и интердисциплинарни настани, кои развиваат етичка и имагинативна врска со која се пречекоруваат границите на растенијата и животните. Нејзините истражувања се темелат на уметнички практики, научни практики и практики поврзани со субјективното знаење, за да се истражи разноликата естетика и да се создадат сугестивни простори на неспознаената природа.
Некои од нејзините најнови проекти се: „Неко гаш касаш, неко гаш те касаат“ („Sum Tyms Bytin Sum Tyms Bit“), филм кој ја истражува човековата моќ и кревкоста на видовите во Кент, „Фокстон Фринџ“, 2020 година; „Невидливите: Приказна за истребувањето на три птици“ („Unseeables:a tale of extinction in three birds“), филм за музејот во Скарборо, 2020 година; „Мојотко-Лектив“ („Myco-Lective“), програма за развој за уметничкиот колектив, со Ејма Џозефин Баџ, студио „Чисенхејл“, 2020 година; филмот „Гледајќи ги пчелите“ („Looking at Bees“) и партиципативниот проект „Градина на градина“ („Garden to Garden“), со „Невидлива прашина“ („Invisible Dust“) и „Саут Клиф Гарденс“ („South Cliff Gardens“), Скарборо, 2020 година; „Скулптури“ („Eyecatchers“), во Националниот фонд „Данам Маси“, 2020-21 година; „Прашај ги растенијата во Сомерсет“ („Ask Somerset’s Plants“), радиоемисија на Би-би-си Сомерсет и подкаст за фестивалот „Недели посветени на уметноста“ во Сомерсет, 2019 година, со Маркус Коутс; „Фитоцентрик“ („Phytocentric“), перформанс на „ЛУКС“ во Лондон, 2019 година; „Микоризална медитација“ („Mycorrhizal Meditation“), партиципативно звучно дело, изложено како дигитална инсталација на Тајпејското биенале во Гавернерс Ајленд, Њујорк, на Унгарскиот фестивал „Банкито“, на Конференцијата за радикална микологија во САД, во галеријата „Фурдерфилд“ во Лондон, и како перформанс на „Д Блукоут“ и УНЕСКО во Париз, 2017-2019 година; „Лов на растенија“ („Plant Hunting“), во рамките на проектот „Невидлива прашина“ („Invisible Dust“) за Витби, 2018 година; „Прашајте ја дивината“ („Ask the Wild“) со Маркус Коутс, во галеријата „Вајтчапел“, галеријата „Тејт Сент Ив“, галеријата „Tарнер Контемпорари“, Биеналето во Витстабл и проектот „Еш“, како и Институтот за ботаника во Јужен Лондон, 2017-18 година.