Говорник: Бен Риверс
Времетраење:
Самостојно гледање – два часа; дискусија – еден час; практичен дел – овој дел може да трае колку што е потребно во рамките на предвидените два дена; дискусија – еден час. Максимален број на учесници: 12
Во многу од неговите филмови, уметникот и режисерот Бен Риверс на разни начини истражува како луѓето коегзистираат со екосистемите кои ги опкружуваат, без разлика дали се работи за градина, остров или конструирана биосфера со реплики од разни живеалишта на Земјата. Се чини дека капиталистичките општества се една од најголемите причини за уништувањето на животната средина, како и дека тие сметаат дека природата не е дел од нив и забораваат дека луѓето се дел од природата и се суштински поврзани во биосферата на нашата планета. Името на работилницата потекнува од истоимената книга од Урсула Легвин, која Риверс би сакал, за почеток, луѓето да ја имаат прочитано доколку се во можност. Дејството се одвива на друга планета, но јасно е дека таа пишува за нешто што повеќепати се има случено на Земјата. Риверс ќе сподели некои од неговите филмови, кои учесниците ќе треба прво да ги изгледаат, а потоа ќе се дискутира за тоа како во делата кои се спекулативна фикција се претставува иднината на нашата планета, како и за можностите за позитивен начин на размислување во урнатините во кои преовладува песимизам. Тој ќе зададе мала задача за создавање подвижни слики, врз основа на идеите за кои ќе се разговара, а резултатите ќе може да ги видиме и да дискутираме за нив во текот на втората сесија. Во првиот дел (на 18 февруари) тој ќе зададе мала филмска задача врз основа на дискутираните идеи, а резултатите ќе може да ги гледаме и дискутираме на втората сесија на 25 февруари.
Бен Риверс е уметник и режисер кој го застапува галеријата „Кејт Мекгери“ во Лондон. Дел од наградите кои ги има освоено се: наградата од уметничкиот фестивал „АЈ“ (EYE Art Film Prize), во 2016 година; наградата од Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ (FIPRESCI), на 68 издание на Венецијанскиот филмски фестивал, за неговиот прв долгометражен филм „Две години на море“ („Two Years At Sea“); уметничката награда на Балоес (Baloise Art Prize), на „Арт Базел 42“, за „Количка за товар“ („Sack Barrow“); наградата за уметници од Фондацијата „Пол Хемлин“, во 2010 година, и двапати има освоено „Тигар“ на Ротердамскиот филмски фестивал. Некои од неговите неодамнешни самостојни изложби се: „Уртворкс“ („Urthworks“), во галеријата „Хестеркомб“, Сомерсет; „Фантоми“ („Phantoms“), на триеналето во Милано; „Урт“ („Urth“), Ренесансно општество, Чикаго; „Острови“ („Islands“), Кунстфераин во Хамбург; „На Земјата ѝ се потребни повеќе магионичари“ („Earth Needs More Magicians“), Центарот за уметности во Камден, Лондон; „Двете очи не се браќа“ („The Two Eyes Are Not Brothers“), „Артангел“, Лондон; и музејот „Витворт“, Манчестер. Тој неодамна соработуваше со Аноша Сувишкорнпонг за новиот долгометражен филм „Краби, 2562“ („Krabi, 2562“).