Говорник: Мајкл Смајт/Номад/Фитологија – https://phytology.org.uk/ https://nomadprojects.org/
Времетраење: Воведно предавање (40 мин.), независно истражување во просторијата (40 мин.), онлајн групна дискусија и групна критика (40 мин.); секој од деловите опфаќа пауза од 10 минути.
Максимален број на учесници: 10
Избраните учесници ќе ги известиме до 8 февруари
Како можеме да создадеме разновидни креативни практики како одговор на тековните еколошки и општествени предизвици? За време на работилницата „Креативните екологии и тактичкиот отпор во антропоценот“ ќе се истражуваат стратегиите за поединци и заедници за преобликување ја урбаната средина, при што ќе им се даде предност на еколошката и социјалната правда. Ќе разговараме за соработката помеѓу видовите, економијата и активизмот на заедницата, преку делата на Катрин Бум, Гордон Мета-Кларк, Сузан Лејси, Џозеф Бојс, „Билкари без граници“, „Живи плацови во Њујорк“ и „ЛИОН“. Предавањето ќе биде проследено со индивидуално темелно локално истражување, со кое ќе се обмисли интервенција на специфична локација со примена на креативни и екоцентрични стратегии.
Мајкл Смајт е уметник, урбан фармер и креативен директор нa „Номад Проџектс“, независна уметничка фондација која развива експериментални проекти во дигиталниот простор и на простори на конкретни локации. „Номад Проџектс“ критички се занимава со прашањата за животната средина и социјалната правда во урбаниот пејзаж. Тој во моментов работи на „Фитологија“, на урбана градина во физичкиот простор и на истражувачкиот институт во Бетнал Грин (Источен Лондон), на „Урбан ум“ – глобален истражувачки проект кој ја истражува поврзаноста на пејзажот и менталното здравје, како и на „Подвижна аптека“ – диспанзер за лекови на билна база, со кој им се овозможува бесплатна здравствена заштита на поединците и заедниците кои имаат ограничен пристап до сместување и квалитетна здравствена заштита. Мајкл студираше на катедрата за инсталации, перформанси и историја на уметност на Националниот универзитет во Австралија, Канбера, и на Високата школа за уметност во Берлин.