Говорник: Ричард Лејзел

Времетраење: 3 часови

Максимален број на учесници: 15

За време на оваа работилница, уметникот Ричард Лејзел ќе ни претстави голем број идеи поврзани со уметноста и екологијата, во својата уметничка практика и надвор од неа, вклучително интервјуто со муслиманскиот еколог Фазулн Калид и со австралиската натуралистка/композиторка Холис Тејлор. Тој ќе зборува и за потеклото на екоактивизмот во делата и философските размислувања на Арн Нес, идејата за „деколонизација на пејзажот“, како и за создавањето на движењето „Бунт против истребувањето“ (Extinction Rebellion movement) во Обединетото Кралство.

Потоа, ќе следува отворена дискусија за време на која ќе бидете поканети да ги споделите вашите идеи и одговори, како и за време на активната работилница, работејќи мали групи. Од учесниците ќе се бара да развијат креативна екоакција/провокација, која ќе може да ја споделат со останатите онлајн групи. Ова може да биде во каква било форма која заедно ќе ја изберете – устен манифест, некаква изработка или физички процес на создавање. Работилницата ќе заврши со тоа што ќе се запрашаме како секој од нас планира во иднина да продолжи со овој процес кој е од суштинско значење.

Ричард Лејзел е уметник којшто работи во Лондон. Во моментов, тој предава курс по ликовна уметност за додипломски студии на Универзитетот за уметност во Лондон и е исклучително искусен фасилитатор кој постојано води работилници со луѓе од најразлични возрасти и способности. Неговиот тековен еколошки проект „Именувањето“ („The Naming“) се реализира преку филмови, фотографии, перформанси, пишување, графика и јавни интервенции. Како живо дело, неговото дело досега се има прикажувано во Канада, Лондон, Австралија, Кореја, Грција и ширум Обединетото Кралство. Тој честопати соработува со замислен соработник – во моментов со Кино Пакстон. Ги има изложувано неговите дела во повеќето водечки јавни галерии и музеи во Обединетото Кралство, вклучително во „Тејт Британија“, Научниот музеј, галериите „Вајтчапел“ и „Серпентин“, а во моментов е креативен еколог во резиденцијата на „ЛУКС“.

 

Споделете на социјални мрежи