Хенри Мур се враќа дома, нова изложба на дела на Хенри Мур, еден од најценетите британски уметници на 20тиот век, се отвори во седиштето на Британски совет во Лондон на 1 декември.

Изложбата е резултат на две-годишната тура на друга изложба, „Хенри Мур - графичарот“ која беше изложена и во Музејот на современата уметност во Скопје, Северна Македонија од 18 април до 31 мај 2013.

Во текот на патувањето низ шест други држави во регионот, „Хенри Мур - графичарот“ привлече повеќе од 80,000 посетители, откривајќи ги личните приказни на уметниците, кураторите , посетителите и музеите кои биле под влијание на Хенри Мур во последните седум декади. „Хенри Мур се враќа дома“ го прикажува трајното меѓународно влијание на уметникот како и главните теми кои се препознатливи во графиките и скулптурите на Хенри Мур.  

Петар Хаџи Бошков, 1928 - 2015

Во 1955 година беше отворена првата изложба на Хенри Мур во Националната галерија на Северна Македонија. Изложбата беше откритие за младиот македонски скулптор, Петар Хаџи Бошков, кој ја виде изложбата, и оттогаш се инспирираше да се оттргне од традиционалниот академизам кон модерните скулптурални форми. Како резултат на изложбата на Хенри Мур во Македонија, следните неколку години, Петар Хаџи Бошков работеше на апстрактни органски форми, што резултира со неговата прва самостојна изложба на скулптури и графики инспирирани од Ханс Арп и Хенри Мур во Скопје во 1959 година.

Истата година, тој престојува на Кралскиот колеџ за уметност и Школата за уметност Слејд во Лондон, како стипендист на Британски совет. Престојот на Хаџи Бошков во Велика Британија беше толку успешен, што следната година, во 1960 година, Хенри Мур лично ја отвори самостојната изложба на Петар во Галеријата Грабовски во Лондон. Ова беше прво претставување на македонската скулптура во Велика Британија, и воедно промовирано лично од Хенри Мур.

По престојот во Велика Британија, Петар се вратил во Северна Македонија и станал член на уметничкиот кружок „Мугри“, во кој членувале најпознатите македонски уметници од тоа време. Хаџи Бошков бил уметнички иноватор кој вовел нови перспективи и уметнички решенија кои придонеле за развојот на македонското модерно скулпторство.

Споделете на социјални мрежи