Digital innovation in museums
Digital innovation in museums ©

Nesta

Работиме на создавање на КулТИП иновативни решенија кои треба да ги доближат претприемаштвото и технологијата до културата, преку заедничка соработка на претприемачи, старт-ап компании и студенти по информатички науки и компјутерско инженерство со претставници на културни институции во Северна Македонија. Проектот треба да понуди иновативни решенија за тоа како новите технологии и иновации може да им помогнат на културните институции во нивното управување и развој на публика.

Промотивен настан за култура, технологија и иновации, април 2014 година

Организиравме еднодневен промотивен настан за студенти по ИКТ науки, млади претприемачи и претставници на културни институции од Северна Македонија споделувајќи искуства за дигиталните технологии и нивното влијание врз културните институции и нивното управување.

КулТИП воведна работилница, април 2014 година

Организиравме еднодневна воведна работилница со претставници од културни институтуции и ИКТ професионалци на која нафрлаа идеи за области од взаемен интерес и можна соработка во користењето на дигиталните и нови технологии.

КулТИП предизвик, мај 2014 година

Организираме КулТИП предизвик за претприемаштвото и технологија во културата, на кој поканивме претприемачи, старт-ап компании и студенти по информатички науки и компјутерско инженерство да соработуваат заедно со претставници на културни институции во Северна Македонија. Предизвикот треба да понуди иновативни решенија за тоа како новите технологии и иновации може да им помогнат на културните институции во нивното управување и развој на публика.

Креативно претприемаштво и деловна обука за културни институции, јуни 2014 година

Избравме 6 тимови од КулТИП предизвикот и обезбедуваме интензивна 4-дневна обука за тоа како тимовите да ги развијат своите првични проектни идеи и да научат за деловно планирање, маркетинг, буџетирање и презентација на нивниот проект.

понеделник, 23 јуни 2014 година

Сегментација на пазар и таргетирање;

Развој на бизнис модел;

вторник, 24 јуни 2014 година

Преглед на промотивни стратегии на европските музеи;

Нови технологии и иновации за културните институции;

Стратегија за брендирање на нови производи и услуги;

среда, 25 јуни 2014 година

Развој на маркетинг план;

Одржливост и скалабилност на понудените решенија;

четврток, 26 јуни 2014 година

Подготовка на презентација;

Оценка на презентаците и повратна информација.

Избор на КулТИП победничко решение, октомври 2014 година

Избравме победничко решение на КулТИП натпреварот од шест културни институции и тимови од Северна Македонија кои понудија иновативни технолошки предлози за институции во културата. Настанот беше закажан за вторник, 14 октомври 2014 година од 13.00 - 15.00 часот во амфитеатарот на ТМФ во Скопје на кој присуствуваа претставници од музеи, библиотеки, ИТ фирми, млади претприемачи и студенти на ФИНКИ. За најдобро КулТИП решение беше избран проектот „Веб базиран аудио плеер за стриминг на аудио книги“ на НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје во партнерство со МАСИТ. Во следниот период следи реализација и промоција на избраното решение.

Промоција на аудио плеер за лица со посебни потреби, февруари 2015 година

НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Факултетот за информатички науки и комјутерско инженерство (ФИНКИ) со поддршка на Британски совет создадоа аудио плеер за лица со посебни потреби, кој има за цел да овозможи полесен пристап до аудио содржините обезбедени од Одделението за слепи и слабовидни лица при националната и универзитетска библиотека. Дознајте повеќе за овој последен промотивен настан.

Проектот прикажува практичен модел на вклучување на образовниот сектор преку иновации и претприемништво како одговор на потребите на културните институции за осовременување на нивното управување и на услугите. Проектот вклучува три елементи: јакнење на свеста за креативните индустрии меѓу сегашните и идните професионалци од секторот за ИТ и дизајн, практична соработка помеѓу овие сектори и создавање конкретен краен производ кој ќе се користи во модернизацијата на одбрани културни институции. Работиме заедно со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и со нивниот Социјален иновативен центар од Скопје, Северна Македонија.

Дополнителни страници

Споделете на социјални мрежи