Заедно со BBC World Service го организираме Меѓународниот конкурс за радиодрами којшто на драматурзите им нуди единствена можност нивните радиодрами да бидат слушнати во целиот свет од страна на милиони слушатели на BBC World Service.

Без оглед дали сте етаблиран писател или писател почетник, на конкурсот се добредојдени сценарија од сите надвор од Обединетото Кралство.  Радиодрамите може да обработуваат која било тема, под услов да не траат повеќе од 53 минути. 

Оваа година, двете први награди може да се доделат во категориите Англиски како прв јазик или Англиски како втор јазик.Двајцата победници ќе добијат парична награда од 2.500 фунти, патување во Лондон за да присуствуваат на церемонијата на доделување награди и да ги слушнат своите снимени драми пред да се емитуваат на BBC World Service.

Потребно е да го доставите вашето сценарио пред 31 јануари 2020 година. На нашата Theatre and dance веб страница можете да ги најдете деталните правила на конкурсот и насоките за аплицирање. 

Дополнителни страници

Споделете на социјални мрежи