Заедно со Националниот Центар Александар Довженко, објавуваме отворен повик за аплицирање за учество во третиот циклус на Envision Sound, едукативната програма за композитори на филмска музика.Програмата, која вклучува креативна лабораторија, предавања, вмрежување, индивидуални консултации со експерти од аудиовизуелниот сектор, како и вечерни филмски проекции со музика во живо, ќе се одржи во Киев, од 20 до 24 јануари 2020 година.
Envision Sound 2019–20 е отворен за композитори кои сакаат да ги подобрат своите вештини на компонирање филмска музика, да ги прошират своите професионални хоризонти и подобро да ја разберат меѓународната аудиовизуелна индустрија. Заедно со менторите на проектот, учесниците ќе ги разгледуваат можностите и предизвиците поврзани со компонирањето филмска музика и ќе работат на сопствена музика наменета за архивски снимки или украински филмови кои се во фаза на продукција.
Листата на ментори од претходните години вклучува и некои од најбараните композитори во Велика Британија, како Мајкл Прајс(коавтор на саундтракот за тв серијата „Шерлок“ во продукција на BBC и освојувач на ЕМИ), Наинита Десаи(композитор кој работи на филм, телевизија и соработува со водечките радиодифузни компании како што се BBC, HBO, ITV, С4; освојувач на наградите Music + Sound и BAFTA Breakthrough Brits 2016-2017), Нил Бранд(еден од најдобрите клавирски соработници за филмска музика во светот), како и украинскиот композитор Ала Захајкевич(освојувач на наградата „Златна вртимушка“ на Украинската филмска академија за најдобар композитор).
За прв пат во програмата, учесниците на Envision Sound 2019-20 ќе имаат можност да ја снимаат својата музика со Националниот симфониски оркестар на Украина како дел од креативната лабораторија.Погледнете кратко видеоод оркестарот кој во февруари 2019 година, под водство на диригент Наталија Стетс, го изведува саундтракот на Нил Бренд за Хичкоковата Уцена. Учесниците ќе имаат можност да работат и со соло музичари.
Како и секогаш, по завршувањето на програмата, ќе понудиме грантови за понатамошна поддршка на некои од проектите кои композиторите ќе ги изработат за време на креативната лабораторија заедно со Центарот Довженко.
Куратор на Envision Sound 2019–20 ќе биде Ала Захајкевич.
„Изградивме плоден работен однос со еден одличен филмски режисер за време на работилницата и во моментов работиме со него на еден неверојатен филм кој веќе го има на imdb.Исто така, добивме многу корисни совети од менторите на програмата.“
Лука Лебанидзе и Звијад Мгебришвили, грузиски учесници на Envision Sound 2018–19