29 ОКТОМВРИ–4 НОЕМВРИ | СКОПЈЕ
Art. Tech. Play.
Фестивалот PlayUK Arcadia 2018 се одржа од 29 октомври до 4 ноември во Скопје на две локации: Музејот на современа уметност-Скопје и Младински културен центар.
Највпечатливи моменти од програмата во Скопје беа интерактивна дигитална изложба на која беа претставени најновите и најдобри достигнувања во областа на ВР И АР инсталации, видео игри, мобилни апликации и друго; работилницата Дневна соба на иднината, чиј домаќин беше FACT, што ја истражува иднината на радиодифузијата; работилница што ја одржаа Forensic Architecture, номинирани за Тарнеровата награда 2018, како и дневна музичка програма со диџеи од Западен Балкан и ОК.