Helen Chadwick, Untitled, 1994 © Helen Chadwick Estate

Проектот „Перцепции“ се разви преку воспоставување дијалог меѓу делата на истакнати британски женски уметнички од Колекцијата на Британски совет и дела на уметници што ги одбраа куратори од пет партнерски музејски институции, домаќини на изложбите:

  • Националниот музеј на Црна Гора во Цетиње
  • Галеријата на Матица Српска во Нови Сад
  • Косовската национална уметничка галерија во Приштина
  • Музејот на современа уметност на Република Српска во Бања Лука
  • Музејот на современа уметност на Северна Македонија во Скопје

Петте изложби што спротиставуваат различни уметнички пристапи кон преиспитување на улогите, (само)застапувањето и статусот на жените преку историја на модерната уметност и практиките во современата уметност се замислени како коментари долж траекторијата на комплексни општествени и историски ситуации на територијата на поранешна Југославија, и отворија значајно поглавје не само за повторната актуелизација на прашањето на жените во локалните уметнички системи, но и во контект на повторно воспоставената соработка меѓу погоре наведените уметнички и музејки центри. Околностите во кои се дискутира за уметноста во општествен контекст во Британија и во земјите од Западен Балкан секако се различни од многу аспекти, но треба да се запомни дека овие разлики се надминуваат со заедничката аспирација критички да се преиспитаат имиџот, ставовите, и стереотипите за жените и да се води дебата како за универзални и неопходни прашања поголеми од локалната специфичност - иако честопати се условени токму од овие специфичности.

Изложби во регионот