7 март – 27 мај | МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ РС | БАЊА ЛУКА

Перцепциие изложба на жени уметници кои живеат и работат во различни географски, социјални, културни и економски опкружувања, но сепак имаат нешто заедничко. Без оглед на различните околности, сите истражуваат исти теми, во потрага по идентитет, интимност, спомени, секојдневни искуства, општествени стереотипи, сексуалност или слобода. Користењето на сопственото тело како уметнички медиум е еднакво присутно насекаде, но сепак овие жени уметници се разликуваат една од друга по начинот на рамислување, како и спечифичните ставови.

Изложбата во Бања Лука е именувана според делото на Сандра Дукиќ, кое е дел од колекцијата на Музејот на Современа уметност РС. Таа е препознатлива по своите феминистички ставови и активности. Насловот Необраното цвеќе е најубаво е исто така и народна изрека, и неговата цел е да се привлече поголем интерес за радикално разгледување на улогата на жените во општеството. Изреката содржи и одредени општествени и културни карактеристики, кои во склоп на економската и историската рамка, можат да бидат почетна точка за истражување на родовите односи во овој регион.  Изложбата се состои од четири одделни концептуални делови, насловени како Размислување, Изложеност, Родови тела и Дух. Делата се групирани за да го претстават дијалогот меѓу уметниците, сличностите и разликите помеѓу нивните уметнички концепти, како и разноликоста на женското изразување – од лични, интимни ставови, до нивната перцепција на општеството во кое живеат, како и нивната взаемна поврзаност.

На изложбата во Бања Лука ќе бидат претставени следните уметници: Абигејл Лејн, Антеа Хамилтон, Камила Лоу, Силија Хемптон,  Клер Странд, Елизабет Прајс, Гилијан Веаринг, Хелен Чадвик, Лора Алдриџ, Лубаина Химид, Мадам Иевонд, Рејчел Вајтрид, Сара Лукас, Трејси Емин, Маргарета Керн, Сандра Дукиќ, Нивес Кавуриќ Куртовиќ, Ирма Маркулин, Марија Драгојловиќ, Свјетлана Салиќ Митровиќ, Коса Бокшан, Весна Перуновиќ, Лала Рашчиќ, Борјана Мрџа, Билјана Гаврановиќ, Ката Мијатовиќ.

Споделете на социјални мрежи