На изложбата беа изложени дела што се дел од колекцијата британска уметност на Британски совет како и дела на црногорски уметнички.

Зошто немало големи жени уметници? е прашање што го постави Линда Ноклин во 1971 година, со што се отворија низа прашања во врска со стандардите во историјата на уметност што ги запоставуваа, маргинализираа и игнорираа женските гласови и ставови во комплексниот уметнички свет. Иако прашањето беше поставено речиси пред половина век, тоа се уште се дискутира во глобални рамки, не само меѓу уметниците, туку и во многу пошироки општествени констелации. И покрај големите промени кај еманципацијата на жените и добиените битки за еднаквост во последните сто години, современото општество постојано создава норми на патријархални општествени и политички релации што ги држат жените во нееднаква економска, образовна и културна положба. Ова, се разбира, се одразува во современите уметнички и изложбени практики, кои континуирано се засегнати со таканаречените женски прашања. Затоа воопшто не изненадува што првата изложба во проектот „Перцепции“, што се отвори во Националниот музеј на Црна Гора во Цетиње, беше  насловена „Зошто немало големи (ма)жени уметници?“ - што укажува на потребата да се преиспита една од клучните провокации за разбирање не само на уметноста, туку и минатите и сегашни општествени односи во регионот.

Изложбата содржи дела на Абигејл Лејн, Антеа Хамилтон, Камила Лоу, Силија  Хемптон, Клер Стренд, Елизабет Прајс, Џилијн Виринг, Хелен Чедвик, Лора Олдриџ, Лубаина Химид, Мадам Ивонд, Рејчел Вајтрид, Сара Лукас и Трејси Емин, како Адријан Гвозденовиќ, Анка Буриќ, Бригита Антони, Гордана Куч, Ирена Лагатор Пејовиќ, Јелена Томашевиќ и Ленка Џоројевиќ.                                                                                          

Темите на овие амбициозни и иновативни изложби ги предложија куратори на пет музеи, каде што исто така ќе бидат поставени. Во Националниот музеј на Црна Гора, нејзиниот куратор Наталија Вујошевиќ ќе го претстави уникатниот начин на кој таа го истражува прашањето за родова еднаквост во музејската збирка.

Споделете на социјални мрежи