На изложбата ќе бидат претставени следните британски уметници: Мадам Иевонд, Клер Странд, Ебигејл Иан, рејчел Вајтрид, Камила Лоу, Антеа Хамилтон, Лора Алдриџ, Хелен Чадвик, Трејси Емин, Сара Лукас, Гилијан Веаринг, Елизабет Прајс, Силија Хемптон, Лубаина Химид, во соработка со косовските уметници: Заке Прелвукај, Алије Вокши, Алкета Џафа Мрипа, Арбана Хајрединај, Рудина Џафери, Флака Халити и уметничкиот колектив „HAVE IT“.

Burrneshat е резултат на двегодишната соработка со наслов „Перцепции“, помеѓу пет куратори и институции од Западниот Балкан. Со овој уникатен и невообичаен пристап, и неговото влијание брз иновациите во уметничкиот свет, локалните уметници добија прилика да соработуваат со светски познати британски уметници.

Насловот на изложбата претставува ироничен коментар за дискриминацијата на жените, кои во реалноста се моќни машини што го движат општеството.

Буквалниот превод на Burrneshat (Burrë = човек), кој може да се пронајде во речник значи „Заколнати девици“, и се однесува на храбрите и снаодливи жени кои живеат по планините во Албаниа. Овој збор има и друго значење во Косово. Многу често се користи како комплимент за одлучни, самоуверени и моќни жени кои не потпаѓаат на ништо, карактеристики кои најчето им се припишуваат на мажите.

Жените уметници во Косово, биле и сѐ уште се типичен пример за полова дискриминација. Пред два века, тие воопшто не беа вклучени во културните институции, и беа приморани да се борат за почит и место во училиштата за уметност, музеите, и галериите. За првпат жена од Косово завршува уметничко училиште дури во 70-тите години, кога креативноста на жените била се уште ограничена на активности како везење и плетење. Колекцијата на Националната галерија на Косово е единствената јавна збирка на дела од современата уметност, и се состои од 1000 уметнички дела кои потекнуваат од 1960 година па се до денеска. За разлика од минатото, процентот на жени кои сега работат како наставници по ликовно образование, уметници или во некоја уметничка институција, е значително зголемен. Слична ситуација ќе најдеме и во соседните земји од регионот, каде жените уметници полека но сигурно се истакнуваат. Сепак, колку повеќе се дискутира на темата, толку повеќе прашања се наметнуваат. Едно прашање кое не може да се избегне е зошто има толку голема разлика помеѓу бројот на студенти по ликовна уметност и бројот на активни дипломирани жени уметници? Разликата во бројките е голема бидејќи жените уметници најчесто се бават со некоја друга професија или пак се грижат за семејството. Дали е навистина толку тешко да се биде жена уметник?

Вечната борба помеѓу формата и функцијата, при што секоја од нив преовладувала во одреден период, резултира со прекрасни идеи за нивното значење. Жените биле и се уште се поим за форма и убавина, додека мажите биле претстава за функција и интелект. 

Во текот на историјата и двата елементи претрпеле промени, подеми и падови, и токму тоа е целта на оваа изложба, да се претстави променливата улога на жената -која не е само форма, и на мажот - кој не е само функција.

Clare Strand, Spice Girl - Sporty Spice 1998 © Clare Strand, Picture credit © Courtesy of British Council
Alije Vokshi, Ina, 1972
Споделете на социјални мрежи